Водена од тој животен феномен ништо не ме спречува да ја откријам енигмата на здодевното секојдневие од целиот сопствен багаж, од најдлабоките лични тунели да ги извадам зрелите плодови, сочните овошја и да исцедам свежи сокови за освежување и уживање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Зад секој агол се изненадувањата на животот, непредвидливоста е најубавиот дел од секојдневието, можеби најубавото уште не сме го доживеале.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се случуваше тие капки да проструеја низ крвотокот на душата, да го охрабрат, се разбира само пред Татко, да го изрази својот насобран метафизички револт, пластен длабоко во него во жртвуваниот најубав дел од животот, во потрага по повисоките цели до кои не се стигнува никогаш.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа беше најубавиот дел од денот за мене.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
По некое време чичко ѝ заедно со братучедот Наум ќе ги земеа гитарите и тогаш почнуваше најубавиот дел од славјето: се пееја најпрекрасните песни - македонски народни, староградски српски, понекоја руска или грчка, се пиеше вино домашно или ракија, мажите палеа по некоја пура.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Да беше поинаку уште веднаш ќе требаше да го избришам најубавиот дел од изминатиот живот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Навистина не сум спремен и не сакам да го сторам тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Од тука, од високо, на дланка е некогашното мочуриште на кое изграден е современиот најубав дел на Драч и натаму пристаништето, бродовите што чекаат ред на отворено море и уште понатаму, во лесната летна замаглина, пак високи згради што од морето ги дели долг, многу долг песочен појас.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во тоа време веќе беше преселена на Авенијата Медисон, но некогаш се наоѓаше во најубавиот дел од Њујорк - на аголот на Седмата Авенија и 58 улица, веднаш покрај Јужниот Централ-парк.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ми го украде најубавиот дел од младоста... Што остана во сумракот?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Зар има уште нешто непознато за тебе во него? – Во каталогот, мил мој, е запишан најубавиот дел од мојот живот! – Сигурно мислиш на времето на нашето патување во Италија, во 1939 година?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)