Пукнаа за нив два гласа: едниот, што подоцна се потврди за точен, го ширеа христјаните, но никој жив не можеше да каже како допрел до нив, дека се тоа мирни роботливи селани, кои, пред опасноста да бидат потурчени, дури од Мелничко стигнале ваму, а другиот што не можеше да се провери, а го ширеа Турците, дека е тоа ајдутско племе, кое, на пат за ваму, попленило и запалило неброени чифлизи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)