невидлив (прид.) - собеседник (имн.)

Пред да го обесат, ако е точно како што се раскажува, на јажето на црковната камбанерија, се свртил кон некој свој невидлив собеседник и прашал - Каде отиде коњот на Питу Гули?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не се изненадив и кога слушнав како невидливиот собеседник ме советува дека не треба да сум загрижен поради правото на сонување бидејќи тоа му било загарантирано на секој поединец.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)