негов (прид.) - агол (имн.)

Заробен во тие стеги од детскиот сликовен свет, тој созрева, бавно осознавајќи ги појавите на поинаков начин од оној што веќе му бил познат: разбирајќи ги на свој сопствен начин, но секогаш поаѓајќи од еден агол, од неговиот агол.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Рече така шифрантот Иваз, чувствувајќи мала победа оти на амбасадорот му укажал на крупна грешка, од неговиот агол на гледање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Освен тоа, вкусот кој е роден сам по себе зависи од набљудувачот: „Тогаш сфатив дека на гледачот, повеќе отколку на уметникот, уметноста му е дрога од навика, и затоа сакав да ги заштитам своите редимејди од тоа сквернавење“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Навистина, гледано од негов агол, одбраните предмети не беа во меѓусебен однос, “кој не би бил индиференција”, поставувајќи се над секое уживање во “прикладна форма” или во точното презентирање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)