негов (прид.) - близина (имн.)

Неда веќе не можеше да го гледа Крстета, не можеше да го слуша, не можеше да ја поднесува неговата близина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сиот тој предел жителите на Потковицата го викаат Градиште и сè што е во негова близина така го именуваат: Градишки Пат, Градишка Корија, Градишки Пасишта, Градишки Трла и така натаму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па сепак, продолжи да чувствува некое необично неспокојство, во кое имаше страв измешан со непријателство, секогаш кога таа ќе се најдеше во негова близина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во негова близина имало рударски крај и ископот од рудниците се фрлал на ова место каде што денес тој е расположен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во негова близина се наоѓа дворецот на Марија Терезија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бертран работеше во приватна фармацевтска компаникја и беше меѓу првите луѓе во компанијата Многу често патуваше што мене особено ми се допадно, зошто навистина не се чувствував добро во негово присаство, па гледав колку што можам повеќе да не бидам во негова близина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кучка, го мразеше и по петнаесетте години колку што беа разделени, и по куќата што ѝ ја остави за во неа да си го донесе новиот маж, и со парите што сѐ уште му ги земаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Иако таа страна вообичаено беше резервирана за семејството на зетот, таа се договори со ќерка им да седи таму, оти не можеше да поднесе дури ни да седи во негова близина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во даден момент, кога во ходникот, во негова близина, немало никој и кога паробродот сè уште не го имал напуштено пристаништето, Манасов го запалил фитилот и брзо потоа се чула силна експлозија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Куршумли-ан беше некогашен само карван сарај и тој, како постар од доаѓањето на Турците, ги примаше дотогаш само карваните со занаетчиска и трговска стока, а бидејќи во негова близина се наоѓаа колари, амџии, самарџии и јажари, тука беше многу погодно да им се дадат разни услуги на патниците и да се изврши размена на изморените коњи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега знаеше дека, заедно со него, заоден по неговата дира, и тој мршар, и тој негов волк, преку целиот ден, всушност продолжуваше само да се крие, да се засолнува од сите други волци, а дека тоа можеше да се прави најдобро само во неговата близина, во која другите не се ни обидуваа да навлезат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука, крај него, во неговата близина, имаше уште некого, тој просто го сети неговиот здив и неговата зачекореност, еден ужасен впечаток за нечие непожелно присуство, сè додека не беше во состојба да ги вкопа петиците во двете вдлабнатинки, што успеа да ги направи за тоа во тврдиот снег, и добро да погледне нагоре, кон стените, до кои не успеа да допојде во ранината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или пак, ако мораа и да заноќат, тогаш тука во неговата близина, сега ќе постоеше некој друг, кому би можел да му речеш нешто секој миг; кому, ако ништо друго, би можел барем да му помогнеш, а тој, ако не со збор, тогаш барем со некое движење, со некое одмавнување, би можел да ти одговори, или барем да ти даде знак дека те чул.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега наеднаш, далеку од секаква помисла, неговиот поглед веќе не беше во состојба да се оддели од тоа малечко живинче во неговата близина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Спокоен беше само кога бевме во негова близина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Веројатно би било исто и сто пати да ги врати!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ним не треба безрезервно да им веруваш“ беше нејзиниот заклучок во врска со однесувањето на тој војник на бел коњ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар има причина таквите нешта да се сметаат за тајна?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чувај се од оние поединци, кои од лековерност или по потреба ќе ги сместиш во срцето или во негова близина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали таа навистина не знаеше каде е родена?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Откако добро ја проучив структурата на грамофонот, ги открив звуците кои отсвирени во негова близина предизвикуваат таков ефект тој да почне да осцилира сè појако и појако, за да на крај се распадне... Margina #21 [1995] | okno.mk 115
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А: Темелно изведен пеколен план! Не морате да ми го кажувате продолжетокот: ги снимивте тие звуци во вашата песна и му ја подаривте плочата-бомба на Ракот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во неговата близина нема никого. Куќите трепетат како да се испаруваат. Проѕирните неонски светилки со безбројно шарени зраци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А стравот не можеше да преживее во негова близина!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)