Се убедуваше дека лавиринтот може да се разбере, во некоја од неговите варијанти како историја на едно патување, како енигма на номадизмот, варијанта на трајниот егзил.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И уште нешто за текстот "Во тебе повеќе од тебе"; тој е напишан пред околу шест-седум години и една негова варијанта авторот се обиде да ја прилагоди за еден проект на хипер-текст, такашто на крајот имате мало упатство за еден од начините на читање на овој текст, кој инаку е "многуглав" и дел е од еден друг поголем текст.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
А беше умна жена и знаеше да се варди од провокативните, политичките прашања, за кои беше мошне добро подготвена, особено пред да патува, кога не ги напушташе Татковите книги, особено неговата Историја на Балканот низ падот на империите, посебно задлабочувајќи се во „албанското прашање”, во сите негови варијанти, вклучувајќи го тука и хроничниот проблем на границите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Камилски кажуваше и други поговорки, фразеолошки синтагми, повеќето со хуморен ефект, но коишто јасно го оцртуваа јадрото на значењето на балканскиот инает во сите негови варијанти кај различни народи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, верувајќи дека, сепак, Камилски, ќе се држи на договореното, да реферира само за петте договорени збора, се надоврзаа на поговорките за инаетот од доменот на турската традиција, кажувајќи му ја на турски поговорката: Arnaut inati Allah` belasi! (Инаетот на Арнаутинот, божја беља!).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)