Кога е мрачен, Ренџов е мрачен како Мопасан, но неговата добрина навистина потсетува на Оскар Вајлд.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А чекај! Ќе види тој! Уште еднаш...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Но, првото, што ќе го видеше секој на тоа лице, беше токму онаа единствена негова добрина на погледот, пред која секој мораше да се посмевне, да се отвори, иако таа во себеси криеше и нешто многу диво, нешто многу просто и сериозно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пред самото заминување за Париз, ми подари една книга, Историја на Франција, во чија посвета тој ја искажуваше суштината на нашето пријателство, неговата добрина и величината на неговата личност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Му дадов збор за довечер.. Не може повеќе: го изеде жив срам од луѓето.. за мене... на сета негова добрина...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)