негов (прид.) - здравје (имн.)

Неговото здравје беше лошо. Беше слеп и покриен со чиреви.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Подигнувајќи се со напор, ги подигна рацете кон небото и повика, “Нека е фален Господ Бог!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
14. Во Полска или некаде во тој крај некој стар рабин одеше по олуја од едно село во друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Татко ни ја откри, и тоа посредно, тајната на својата средба со Ататурк, но педесет години подоцна, кога неговото здравје попушташе и кога чувствуваше дека годините веќе му се избројани.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но колку повеќе се оддалечуваше од сиџилите толку повеќе се нарушуваше неговото здравје.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Обземен од грижата за неговото духовно опстојување низ сиџилите и за неговото здравје, на моменти, тешко ги контролирав своите емоции и амбиции.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нив секој ги чува, зашто тие се неговото здравје и убавина на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој почна првин да го отпоздравува: потем погледа во небото и рече колку е убав денот: па го праша за домашните и неговото здравје: па за ова, па за она, па најпосле му влезе во писарската одаја и го праша вистина ли е тој толку близок со мутесарифот Абдула-бег како што зборува чаршијата, и не е лошо да знае и за него, му рече, дека церибашата Осман-ага му е брат од чичко, а дервишот пак Керим, сигурно чул за него, му е асли роден брат, од иста мајка и од ист татко, и тој сега живее во маалата на дервишите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Па, затоа што ми е брат, зашто го сакам и зашто се плашам за неговото здравје.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Постојано слушам како се зборува за опасноста од цигарите и постојано гледам колку многу негови врсници пропушиле. И се плашам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дуко си замина, лут и на неговото здравје. Тука првпат се разминуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се предвиде дека не може да се вработи лице под 15 години кое сеуште не завршило задолжително образование, освен за учество во „активности“ утврдени со закон, но не повеќе од 4 часа дневно и тоа само за оние работи кои не се штетни по неговото здравје и безбедност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако тоа не е можно тогаш работникот 37 треба да биде изземен од нормалниот тек на работата за времето кое е неопходно за да се заштити неговото здравје (чл. 29 од ЗИДЗРО/септ.10); в) дотогашното право на одмор меѓу два дена во траење од најмалку 24 последователни часа за работник кој сеуште не наполнил 18 години, сега беше заменето со понеповолната формулација со која на овие работници им се пропишува право на одмор од 16 последователни часови во текот на период од 24 часа (чл. 32 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Неговото здравје видливо попушташе. Го зафаќаше и придружната сенилност, заборавност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Треперев за неговото здравје, воопшто за неговиот живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Покрај тоа, со промените од 2002 година на работникот му се даваат уште две права: правото да ги добие сите неопходни информации кои се однесуваат на неговото здравје и ризиците од него и правото да се жали до надлежната инспекција на труд доколку работодавецот не ги преземе сите мерки и средства за целосно обезбедување на здравјето на работниците (чл. 5, ЗИДЗЗР/02).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сѐ до она утро кога повеќе не можеше да стане од креветот, а докторите неколку дена потоа му дијагностицираа милијарна туберкулоза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашата загриженост за неговото здравје сѐ повеќе раснеше, и не забележувавме дека Хајнерле од ден на ден сѐ повеќе слабее, температурата на челото ја сметавме за дел од возбудата заради промената на средината, кашлањата за дел од настинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По завршувањето на доказната постапка, судот, по одржано- то советување и гласање во октомври 2009, со меѓупресуда,5 го одби тужбеното барање на Јакшиќ за надомест на штета како неосновано затоа што тужителот, наводно, самиот – поради својата небрежност – се довел себеси во состојба на ризик по неговото здравје, а доколку сметал дека таа задача е опасна по неговиот живот требало да одбие да ја изврши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Телесната повреда се квалификува како „тешка“ ако некому тешко му е нарушено здравјето и поради тоа ќе биде доведен во опасност животот на повредениот; или ќе му биде уништен или трајно и во значителна мера ослабен некој важен дел од телото или 202 некој важен орган; или ќе биде предизвикана трајна неспособност за работа воопшто или за работата за која е оспособен; или трајно и тешко ќе му биде нарушено неговото здравје или ќе биде нагрден (в. чл. 131, ст.3sq од КЗ). 3.  Поради тоа што оваа машина работи под напон [на електричен погон] и под висок притисок има правен третман на „опасна ствар“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ова сведочење судот превиде дека овие наводни очевидци немаа никаква потреба да бидат а, згора на сè, и воопшто не беа присутни во просторијата каде се одвиваше работата и отстранувањето на 199 дефектот, односно отпушувањето на затнатото црево на машината за малтерисување со помош на армирана шипка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 21.III.2011, во Скопје. Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд – Скопје II е: VI П.бр. 1882/08; а бројот пред Апелациониот суд – Скопје не успеавме да го дознаеме и покрај неколкуте обиди од наша страна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А колку што повеќе старееше, то- ест, се подмладуваше, толку повеќе отсуството на облеката се одразуваше на неговото здравје.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Или во превод на овдешен јазик, подмладувајќи се.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)