негов (прид.) - зеница (имн.)

Го чекавме оној ден кога таа невидлива и недопирлива топлина и мекост ќе ја почувствуваме и преку соединувањето на скриените делови на нашите тела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доволно е само да го чувствува зракот од денот како поигрува во неговите зеници и како се плетка во мракот на неговата душа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ќе ни се сретнеа погледите, моите зеници се вовираа во неговите зеници и одеа понатаму, отаде; неговите зеници се вовираа зад моите зеници, и така зад телата баравме и наоѓавме нешто топло и меко, она што некои го нарекуваат душа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во арената прснала едната негова зеница, неговите ребра.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)