негов (прид.) - изглед (имн.)

Го гледав и не знаев во моментот што да го прашам, повеќе чудејќи се на неговиот изглед.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се гледаше дека внимава на неговиот изглед.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Неговиот изглед на љубезен и бзделнички набљудувач кој полека го пуши своето луле во очигледно празното атеље, не можеше веќе да измамува: тоа не беше инерција туку спокојство.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што невестата која, разголена но не и силувана, виси во својот стаклен кафез, додека ергенот под него ја дроби својата чоколада, Дишан е изолиран и сам со својата голема уметност која ја сметаше за не-уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа избираме еден организам што ни се чини најинтересен и почнуваме да го варираме неговиот изглед и да го анимираме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
По неговиот изглед, боја и површина, луѓето знаат каков ќе е денот; ако е матно и разбрането - матен е и денот; ако светло и мирно - мирен е и денот; од неговиот изглед во многу зависи и расположбата на луѓето; ако е тоа весело - и тие; ако е тоа тажно - и тие.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но за мене сепак остана тајна, што најмногу влијаело при донесувањето на одлуката: дали човекот- младич, неговиот пристап, начинот на кој и ја поднел понудата, неговиот изглед, или самата самата порака содржана во понудата да тргне со него кон планината бидејќи во тој негов предлог таа го открила наеданаш сонуваното небо но и поинаквиот живот што може да се случи таму негде, високо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега тој стоеше негде над мене, или поблизу!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А за неговите изгледи не знам речиси ништо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се кренав и јас, но овој пат со она чувство на задоволство, но и со малку нетрпеливост па дури и со лутина во гласот: - А што очекуваше да ти кажам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или нешто криеш? - го дополни своето веќе изречено прашање Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А зар е можно туку-така да се замине од дома и тоа со непознат човек - ја бев прашал?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стегнатата рака при средба веќе не е перцепција на другото тело, туку формален чин, знак.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да, имате право, телото станува знак и слика, неговиот изглед делува како метафора за висината на банковната сметка и на крајот на краиштата за моќта на субјектот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Здраво, - рече срдечно таа, како да го познава кој знае од кога и како да не е воопшто изненадена од неговиот изглед.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ова не важи за слободата во однос на природата, да речеме за слободата на скулпторот што обликува камен менувајќи го неговиот изглед; во овој случај, колку повеќе вештина има тој, толку е послободен да ги примени своите уметнички идеали не на ничија сметка освен на каменот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но кога станува збор за слобода во општес­твото, колку подобро можете да ги примените вашите интенции, толку некој друг има послаби шанси да ги примени своите сопствени желби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Такво шеќерно старче беше и дедо му на ловецот Капсула, секогаш смело загледано во туѓите очи; ништо не бара во нив, само го огледува своето лице, нема ли на кожата некоја ненужна дамка што би го урнала светечкиот негов изглед пред луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веројатно и самиот знаеше за црвената прав на своето лице па побрза да објасни дека за таквиот негов изглед е виновен ветерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)