А активното признавање на другиот е нешто друго: способност да се слушнат причините на другиот, не изрекување на признание, туку слушање на неговата исповед.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Секоја асимилација на надворешното бара внатрешна реорганизација на примателот и се заканува дека за секогаш ќе нѐ оддели од она што сме биле.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Стрпливоста најпрво е способност да се слуша, способност на остварување приемчивост во однос на другиот и априорна подготвеност неговите причини да ги примиме за свои, што не оди без одреден морален ризик.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога ја дочитав неговата исповед Избришани светови, што ми ја подари Ерик Фај со посвета, јас веднаш му телефонирав на Јусуф.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)