негов (прид.) - конак (имн.)

И така лирите не му прават никакво задоволство во ќемерот под перницата или затнати негде во некој ќош во неговите конаци во Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сам за себе избра едно 18-20 годишно девојче и му го предаде на својот буљукбашија Суљо-ага живо да го донесе во неговиот конак.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Момците го однесоа Бошка во една од одаите на неговиот конак и го оставија таму затворен заедно со неговиот претсмртен страв.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Геро мирно излегол од неговиот конак, но веднаш се сетил каде ја скрил пушката и сета комитска спрема.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)