негов (прид.) - крст (имн.)

Таа го влечеше кон земјата, тој тежеше како камен на едно место.Неговиот крст тежеше.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Шпион! Тоа име стана негов крст на кој тој се издигаше над сите на селската Голгота, и би негово право да пцуе или да молчи, или пак, со рамнодушност, за себе, да ги ора доброволно нивите на оние домаќинства чии машки глави беа в град или далеку.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Молчеше, работејќи околу чајот. Тоа беше неговиот крст, неговата судбина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)