Го испративме до вратата на неговата куќичка зад црквата Свети Ѓорги. - Ќе влезете?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Може и да ја знаеш неговата куќичка. Таа лежи од онаа страна на пенливиот поток, пред бескрајната шума чии тајни, шумови и страсти не ми се познати.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја чувствуваше многу добро и во себе онаа исконска прибраност пред тој висок снег, што го покриваше сиот свет; беше притивнат како едно од сите оние дрвја околу неговата куќичка, продолжуваше да трае, живеејќи само со некоја срцевина, провлечена како црвена врвца по најскриената средина на своето тело и на своите денови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)