негов (прид.) - лага (имн.)

- Ама што ви е, бутмиши изветреани, и самиот само што не паднал болен Цене Папчев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сепак би те болело.“ „Си припаѓал - значи...“ „Не сум...“ излажа и знаеше дека и таа ја знае неговата лага.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Сте зјапнале, ќе се расплачете над неговите лаги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакаше и таа да разобличи барем неколку од неговите лаги.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)