негов (прид.) - настап (имн.)

Но точно кога сите на подиумот се помирија со неговиот настап и рамнодушно зачекаа додека смисли што ќе свири - него го совлада малодушност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Искуството му кажуваше дека неговиот настап кај Рада ќе се види со нејзино доаѓање оваа вечер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неговиот настап (во нешто помалку од еден час долгиот перформанс) ја демонстрира философијата на комплексните врски помеѓу човековото тело и постиндустриските машини; тој телото го разбира како предмет на обликување (design) и техничко дополнување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Прашањето беше колку моите размисли помеѓу себе разговараат на глас. И од кога почна да се случува тоа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми се допадна неговиот настап, кога го сосече во дискусијата директорот на РЕКООПС, Козаров…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но баш ме боли за Јонче шпиончето и за ломотењето на Богдан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сличен е неговиот настап како и утринава, си личат зборовите еден на друг како и плодовите, да ги спомниме на пример црешите, а притоа доктор Пачев не заборава да ја изрази и дилемата во вид на отворено прашање: Како може да се исчезне при волку високи ѕидови и затворена порта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Она што го бев рекол на излегување од сивата зграда , еве, можев и пред оваа визита да го спомнам без да ја навредам вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имаше ведрина во неговиот настап а разговорот речиси беше трчање бос по мека трева!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)