негов (прид.) - начин (имн.)

Со Хироши тоа е уште понагласено, бидејќи неговиот начин на работа беше спротивен на концептуалната природа на неговата област.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тука непосредно мислам на Дишановата Boite-en-valise (Кутија во торба, 1936-41), минијатурниот преглед на уметниковото дело, па според тоа и на неговиот начин на мислење, внимателно спакуван во куфер.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ми требаше време да свикнам на неговиот начин на размислување и однесување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А наеднаш како мов, подводна трева, меѓу неговиот поглед и она малечко, долгоуво главче на неговото срнче, се залелка и се отвори сега на еден сосема поинаков начин, зародена прво во него, а после одразена од него и во овие питоми очички на животинчето, познатата непремостива провалија; му се врати на еден само негов начин, а веднаш со неа и едно зачудување во него како можел да ја превидува толку дена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Толку беше големо тоа негово откривање за себе, дека тој ете пак може и да сака нешто на еден ваков див и само негов начин, да го сака токму вака незаоглавено, дека не го имаше заборавено тоа ниеднаш досега и дека никој не успеал да му го одземе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се здобив со впечатокот дека преку зборовите што мене ми ги испраќа на некој негов начин комуницира со мајка си.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-А знам еден: ќе шкрапне со окото и мерката е земена!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Значи, рековме, за глава пониска - тврдоглаво продолжуваше на неговиот начин Ристе Блажевски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност секогаш кога ќе проговореше со добар дел од зборовите беше свртен кон неа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со познатиот секојдневен негов начин ја фрли цигарата исти како и зеленикавата бубачка и воздивна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но кампот го прави токму спротивното: сиот е претераност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од кампот, кој не остава можност за дистанција и за деидентификација, стрејтерската хипстерска иронија е истовремено и сатирична и апатична; таа сигнализира и отсеченост од „автентичните“ културни облици и естетски практики што хипстерството ги фетишизира и извесно чувство на супериорност над нив – иако му се, на некој негов начин, мошне драги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Признавајќи ја љубовта на стрејт-хипстерите кон таквите чудни културни облици и практики, а истовремено одбивајќи да ја изрази таа љубов, освен на гротескен и преувеличен начин, да не би случајно некому му паднало на ум нешто погрешно, стрејтерската хипстерска иронија им одржува и зацврстува (иако од преголемо фраерство не се расфрла со неа) дистанцирана и незасегната положба на хипстерите – односно положба на релативна општествена повластеност.418 Поентава делотворно и нагледно се нагласува во еден ред од еден ироничен напис за иронијата, со датум од 3 февруари, 2008 година, објавен на страницата на интернет наречена Работи што ги сакаат белците (Stuff White People Like), а сега објавен во една многу продавана книга со истиот наслов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Штом ќе се послужите со Ritorna vincitor! за да си го испратите месниот одбојкарски тим, ви нема веќе криење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Чист, секогаш избричен и, веројатно поради неговиот начин лесно да воспоставува контакти со луѓето, а уште повеќе да ги загрева со својот богат речник и одлично глумена гестикулација, направија од него политички работник.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Всушност изгледа очите ѝ ги побара; а можеби тоа беше неговиот начин да ја натера да го следи неговиот поглед за да ја принуди најспосле да погледне кон мене бидејќи и двајцата, истовремено ме погледнаа: Ти се допаѓа овој млад човек? - ја праша тој со зборови кои како да произлегуваа од разговор што пред тоа го воделе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А освен тоа, неизмерно многу ми се допаѓаше неговиот начин на кој ги изведуваше сите слични работи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Пју, - ми направи како птица, ме исплаши и почна на глас, на негов начин да се смее.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)