негов (прид.) - немир (имн.)

Во нејзините очи прекор: по гласот, по разбрануваниот извик на детето, таа го наслутува неговиот немир, бегање - скршнување од установеното, определеното, измереното, познатото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Никако да се излезе на крај со овие проклети источни заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко го забележа неговиот немир, но не ги побара причините за тоа, туку остави да се искаже неговиот натажен пријател: Пријателе мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Читањето како да беше вистинско засолниште за сите негови немири.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, постепено сѐ повеќе почнав да го чувствувам неговиот немир.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го наследив неговиот немир кој се чувствуваше во растреперените прелистувани страници, во тајните записи, закопани некаде близу во земјата, како на вистински закоп Чунот кој нѐ спаси таа немирна есенска ноќ, макар што ја мина границата вардена од подводниот змеј, според татковата навигаторска стратегија во животот, не престануваше да броди во имагинарните балкански немирни бранови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Често го смируваше неговиот немир, но не беше ретко и да останува во неизвесност, да се помирува со неговите илузии.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка рано навикна на неговиот немир, на неговиот порив постојано да биде некаде на друго место, под речиси атавистичкиот изговор за спасот на семејствата, на децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)