негов (прид.) - облик (имн.)

Гледајќи го – птиците и билките ги множеа неговите облици; на поколенија ѕвезди, кружејќи над него, се откажуваа од својот оган и се скаменуваа, Иднината, низ долго искуство, во него ја гледаше својата величествена слика и ѝ пееше на вечноста.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
- Кога нешто ќе почнеш, доврши го, засипнато рекол Онисифор Мечкојад; веќе бил без омраза кон својот вујко, кон неговиот облик на замелушен гуштер, кон неговото олцкање и тресење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЈАКОВ: Зборувате како митолошки бог! Сте го зеле неговото обличје, сте ја ставиле неговата маска, сте станале неприкосновен, недопирлив, миропомазан фараон.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Од гладта, од стомакот, од светот ваков како што е, ми се гади од безбројноста на неговите облици и нивната непостојаност и од бесконечноста на теориите зошто е тоа така.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Него го водеше мислата, кога дојде во езерската земја, да се жртвува и да работи, дека најубавото што постои во животот, во секој негов облик е континуитетот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Немој, викал другиот и сѐ повеќе ја пикал главата во кожите. - Јаков ќе е татко и на деветто дете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)