Милер не артикулира некоја општа вистина: тој го опишува конкретното значење на еден конкретен општествен облик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Така ќе можевме да зборуваме за машкиот геј- субјективитет, да ја испитуваме неговата особеност, а можеби дури и да ги дефинираме својствените начини на чувствување што ја сочинуваат, без да се грижиме дали поради нашите заклучоци геј- субјективитетот некому ќе му изгледа нормален или ненормален, здрав или болен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Неговото читање не бара примена и врз други мјузикли, а камоли врз други културни облици и ја губи поентата кога ќе се обопшти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На овој крстопат во развојот на анализата на квир-културата, секое средство на машка геј-идентификација – секоја реплика, секоја сцена, секој филм и мјузикл, секоја дива – треба да се изучува со сета негова особеност, за да може да се разоткрие значењето на единствената формална структура што го сочинува.
Во тукашниов случај, доволно е да се забележи дека во Милдред Пирс навистина се работи за изведба, конкретно за изведба на мајчина згрозеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо тоа, секој предмет поединечно што машката геј- култура го зајми од главнотековната култура, секоја машка геј- културна практика, изискува разгледување со целосно внимание за неговата особеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)