негов (прид.) - отпор (имн.)

Затоа што на пишувањето гледал како на повторно испишување, и затоа што покажа - и во теорија и во пракса - дека “една литература се разликува од друга, било пред, било по тоа испишување, не толку поради самиот текст колку поради начинот на којшто тој е прочитан”, тој ги одушеви и структуралистите и семиотичарите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа што во “Пјер Менар, писателот на Дон Кихот”, заклучи дека “текстовите на Сервантес и Менар се јазички идентични, но овој другиов е речиси бескрајно побогат”, тој ги засени следбениците на интертекстуалноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес ги обвинува и строго ги осудува книжевните движења (романтизмот и надреализмот) и формите на мислење (марксизмот и психоанализата) кои не се занимаваат толку со едноставно апстрактно мислење туку со прашања што се однесуваат на животот (иако на мошне апстрактен начин): тоа е недоверба во рационалниот поредок, класниот поредок, поредокот на егото, и побуна против нивната злоупотреба. животот како подрачје под прагот на свеста, како случај, борба или желба, како да го ужаснува, и секој напор насочен кон истражување на длабочините на тие води наидуваше на негов отпор и муртење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес беше интелектуално животно, солипсист заклучан - како Минотаурот од неговиот расказ - во лавиринт што самиот го изградил.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А еве, со сиот тој негов отпор кон враќањето на човекот кон природата, сега чекори низ студ и низ снег, низ оваа мрачна шума.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во тоа време многу се пишувало и зборувало за Боксерското востание во Кина: за грабежите и експлоатацијата на кои било изложено кинеското население, за неговиот отпор против европските држави што го угнетувале кинескиот народ и за жестокостите што тие ги вршеле при задушувањето на востанието. 20
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Татко, додека ѝ одговараше на загрижената Мајка, си направи брза геостратегиска калкулација во свеста: ако, на времето, Европа не го прифати отпорот на Скендербег и не му помогна во дваесет и петгодишната војна, по голе­мата опсада во тврдината Круја, и не го спаси Балканот од Отоманската Империја, тогаш сигурно ќе го прифати и ќе го поддржи некогашниот франкофон водачот Енвер Хоџа, во неговиот отпор кон советската империја, од кој ѝ се закануваше пропаста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)