негов (прид.) - отсуство (имн.)

Среде книгите, беше оставена и архивската лупа, замаглена од деновите на неговото отсуство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Неговото отсуство ги натажи сите рудари, а најмногу русото Проќиче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
V Сајм беше исчезнал. Дојде едно утро, а тој не се појави на работа: неколкумина непромислени го прокоментираа неговото отсуство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од друга страна, сепак, го смируваше помислата дека неговото отсуство се поклопува со мистериозното исчезнување на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како што се оддалечуваше од куќата, гневот и омрзата сѐ повеќе му растеа во него, зашто токму кога имаше намера да се зближи што повеќе со неа, дури да ја земе за жена, го откри нејзиното неверство; виде дека неговото отсуство во текот на неделата таа го делела со друг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тие трансформации немаат за цел толку одредување на сексуалноста како таква, бидејќи таа произлегува од односите со родителите, љубопитноста на детето кон она што родителите го прават во негово отсуство, неговото интересирање за примарната сцена, родителските одговори и премолчувања околу сопствената сексуалност, и сфаќањата за сексуалноста кои врз основа на сето тоа детето ги развива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Човекот живее во таа куќа”. превод: Жаклина Гештаковска Извор: Therapeutic Converzations, ed. by Stephen Gilligan & Reese Price, w.w. Norton & Company, NewYork, 1993. 48 Кристоф ДеЖур Врски меѓу сонот и оргазмот: еротско тело и психичка сексуалност 49 Врз основа на проучувањата на сонот, неговите патолошки облици и неговото отсуство кај психотичните пациенти или карактеропати, на ониричкиот живот му се доделува најважно место во динамичките, топичките и економските процеси.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа негово отсуство не ни паѓаше толку тешко.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тие волшебни простори од детството одамна ги немаше, исчезнаа некако без тој да ги осведочи, исто како што дедо му почина некако во негово отсуство.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И се каеше што не му го запиша својот телефонски број евентуално да ѝ се јави, но не многу зашто предполагаше дека неговото отсуство нема да трае повеќе од десетина дена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Веќе копнееше за човечки збор, за нежна мајчинска грижа, за топлиот светол дом, за училиштето кое сигурно веќе почнало да работи, за другарите кои го чувствуваат неговото отсуство и ги пече неговата неизвесна судбина, но колку повеќе им се предаваше на мислите, колку повеќе се пушташе тие да го водат, толку повеќе го разјадуваше немирот, па стана, иако уморен, се фати за секирата и го почна својот двобој со Јурукот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во негово отсуство го осудија на смрт и го затворија во Дреново.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сигурно, тоа можеше и да се очекува, очигледно беше неговото отсуство, господе, колку беше тој внесен во својата работа, во тоа дрво, се чинеше немаше ништо повредно за него од тоа дрво.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И веднаш да речам: по ваквиве необмислени истрчувања секогаш настапуваа најдолгите часови на неговите отсуства. Колку бев лековерна!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, а убијците го знаеле тоа подобро од сите и го користеле токму неговото отсуство за да го сторат науменото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бидејќи токму тогаш татко ми беше на Кожуф Планина јас си реков да го искористам неговото отсуство за постење тримери и ги наговорив девојчињата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, и тогаш како и претходно се соочува со потсмевачки и дрзок однос, овој пат од правниците на тужениот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На второто рочиште повторно немаше застапник на „Охис“, па судот реши главната расправа да се одржи во негово отсуство (in absentes).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)