Во неговите подножја, на горниот крај на ливадите, се најдуваат Драмчески Извори, кои се излеваат направо во ливадите и на тој начин, излевајќи се во нив, ги прават постојано зелени и питоми, па жителите на Потковицата сиот тој предел, ливадите и нивјето, го викаат Питоец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Напуштајќи ги, пак, ливадите, во правец кон населбита во Потковицата, која е сместена на Станкоски Рид и под неговите подножја, или во павец кон излезот од Потковицата, иако земјиштето е рамно како дланка, човек е приморан да прескокнува многу долови и ендеци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога стигнале таму, на долни крај на Драмчески Ливади, расправаа после мажите, Трајана му рекла на Тодија Јанчески да остане со колата и таа сама со другите мажи отишла да ја извиди бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)