негов (прид.) - реакција (имн.)

Како што е добро познато, Витгенштајн, во својата расправа за значењето на крај доаѓа до сосема истиот став како И Дерида: излегува дека неговите идеи се неизразливи самите од себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уште повеќе, неговата реакција на ова беше идентична со онаа на Дерида: херојско држење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како прво, овде е упадлива паралелата помеѓу Витгенштајн И Дерида.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сигналите постепено се забрзуваат преку границата на неговата реакција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја слушна неговата реакција: Не е можно, грешите, тој мора да биде член на Партијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Рада како кардиолог му го мереше пулсот и неговата реакција.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада, која ја следеше секоја негова реакција, конечно реши на Душка да ѝ го претстави непознатиот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се плашеше од неговата реакција за повторно да не и го заврти грбот, како тогаш кога ја тресна вратата зад себе во собата 1303.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред да ја слушнам неговата реакција, јас охрабрен продолжив: - Фан Ноли уште тврдеше: ги почитувам рисјаните, муслиманите, будистите, протестантите, хебрејците, атеистите... ќе ги почитувам сѐ додека прават добри и чесни работи!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа му се вткаја во мислите и чувствата, дури ги одредуваше и неговите импресии и набљудувања, сите негови реакции беа под влијание на нејзините или беа измешани со нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По ваквата реакција на Тито и по "поставувањето на работите на свое место", британската мисија во Македонија известила дека е подобрен нивниот третман во односите со ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А тоа го потврдува неговата реакција, кога истакнал дека "изгледа генералот Апостолски како да е без некој авторитет и нему му е наредено да ги постави работите на вистинско место".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Си се препознал - го повтори своето тврдење Грофот но овој пат без да ме погледне. – Подобро е да ми веруваш мене одошто на сеништата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– За жал таа го изумила датумот кога ѝ се родил сопругот – додадов по малку злобно и љубопитно ја очекував неговата реакција.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се најде во голема дилема.. не, Нина е многу зборлива, може не сакајќи да ја открие пред другите неговата реакција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мајка ми збунето го погледна татко ми. Немаше време да ја види неговата реакција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко очекуваше Цветан Горски да му зборува за природата на сталинизмот, за неговите реакции во новите услови, знаејќи ја неговата проникнатост во Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Што се однесува до неговите реакции таа навистина немаше волја да се впушта во разјаснувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)