негов (прид.) - смелост (имн.)

Но неговата смелост, неговата самостојност во донесувањето на низа одлуки, судиите, кои не му беа наклонети, ја поврзуваа, наводно, со довербата што ја уживал, уште од времето на војната, кај Водачот на Републиката.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Андон замолчи за миг, премислувајќи нешто, потоа причека да замине келнерот кој во меѓувреме им го донесе виното, и во шепот, како за себе, продолжи: „Да, јас тоа го знаев, но ме изненади неговата смелост тој, нејзиниот маж, нашиот Стево, да ми го каже тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Некои ме слушаа, други со сила и натераме, ете, заедно со тебе, влегоа во огнот, некои пострадаа, ене и по апцаните; другите, еве, ќе страдаат на своите огнишча, без да можеме да им помогнеме ни јас, ни ти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
(Види, види, брату, убава невеста.) Толе влезе во селото, го најде Бешот кој се изненади на неговата смелост и дрскост, но познавајќи му го убаво табиетот, ништо не му советува или препорача кога му рече Толе дека тука ќе зимува зимава: — Сега ти си знајш, брат Толе!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)