негов (прид.) - смрт (имн.)

И прво што старецот забележа беше тоа дека тој може со помош на некој чуден, необично- тежок, но можен напор, да излезе од ковчегот и од таа земја.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тешко некој сега да можеше да го препознае: по заминувањето на семејството, лицето потполно му беше променето, стекнувајќи морничав, формиран неземски израз. Маргина 37 75
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како тој самиот и ковчегот и земјата сега да станале нешто друго, што не биле порано, пред неговата смрт.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, еден земјак, кој се беше вратил од север, и не беше слушнал за неговата смрт, замалку го препозна, ги рашири рацете во прегратка: „Матвеј Николаевич... Боже мил... Како си се променил!“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А сепак, на крајот од краиштата, останува и претпоставката дека бил „фрлен скраја...“, како што пишува Нико Кочо, зашто во моментот на неговата смрт голема била омразата и желбата на селаните за некој вид линчување“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа не беше многу присебна по неговата смрт затоа што беше болна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се сеќавам само на еден момент од неговиот закоп.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Поминаа многу години од неговата смрт, ама јас се уште се сеќавам на неговиот поглед.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се сеќавам вечерта кога мајка ми се врати од кај неа беше истовремено вознемирена и загрижена, но и на некој чуден начин задоволна и смирена.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Остатокот од тие „забелешки” го собраа оние кои што се грижеа за неговото дело и ги објавија по неговата смрт.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Набрзо по неговата смрт во FMK се појави David Zack кој пристигна од Канада, случајно во своето обиколување на Европа заталкувајќи во Унгарија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Витгенштајн ја вообличил оваа расправа од збирката на бројни философски „забелешки” кои ги собрал во текот на војната.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
После дојде неговата смрт.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во светот, инаку, за време на војната компромитираниот Селин почна повторно да се реактуелизира дури по неговата смрт, 1961-та.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
По неговата смрт во 319 г.пне. продолжиле меѓусебните борби.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По неговата смрт, на македонскиот престол дошол Филип V, кој владеел со Македонија, Тракија, Понт, некои делови од Епир, елинските градови-држави од 221 до 179 г.пне.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По смртта на Антигон II Гонат, од 239 до 229 г.пне., на македонскиот престол се наоѓал Деметриј II, а по неговата смрт, наместо неговиот малолетен син Филип В, како регент со Македонското царство владеел Антигон III Досон (229-221 г.пне.).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Првата христијанска општина била формирана по неговата смрт.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По неговата смрт државата започнала да слабее која ја користи византискиот владетел Јован Цимиски кој во 971 ја покорува Бугарија и го ликвидира Првото бугарско царство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Таа врвна итрина на системот, итрина на симулакрумот на неговата смрт, со помош на кој не одржува во живот поништувајќи ја по пат на апсорпција секоја можна негативност - таа итрина може да биде запрена само со уште поголема итрина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Едниот случај бил кога била објавена неговата книга на неговиот мајчин македонски јазик и честа да биде гостин на родната земја, кога таа е слободна држава и е ковач на својата сопствена судбина, другиот случај бил кога неговиот автобиографски роман Ова е мојата татковина бил најден на канцелариската маса во Белата Куќа на Претседателот Франклин Делано Рузвелт, веднаш по неговата смрт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Не ти префрлам за неговата смрт” ми вели, „иако навистина го приумре јадот дека му ги зедовте и нивите и стоката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти префрлам дека мене аргатка ме стори! Задругарка!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој ги фотографирал во 1918 и, на изложбата отворена во Париз, една година пред неговата смрт издејствувал сенките на неговите редимејди да бидат исликани директно на ѕидовите на галеријата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сенките се исклучително важни за Дишан, кој не само што ги користел како метафорички модел за да го изрази постоењето на четвртата димензија, туку и цел живот ја задржал фасцинацијата со сенките што ги фрлаат неговите редимејди.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Сега живеам само за Цецилија,“ рече. „Да не е таа, не би живеела ни миг повеќе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште од раната младост имаше решено својот живот да му го посвети нему; нејзиното секојдневие се сведуваше на средување на она што доктор Фројд го напишал, консултирање околу неговите пациенти, организирање на неговите работни патувања, помош околу справувањето со болестите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изгледаше како да се смалила за помалку од едно деноноќие, како сета снага која ѝ беше потребна за да го изгледа синот да излегла од нејзиното тело со неговата смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оттогаш Клара само седеше во аголот од собата, не кажуваше ништо, не одговараше на нашите прашања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа, неколку недели по неговата смрт, еден по друг на фронтот загинаа двајцата негови најстари синови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога ја видов внука ми неколкупати заедно со таа зрела жена, со Лу Саломе, имав чувство дека Ана во неа ја открива таа благост, таа веселост, таа способност животот да ѝ го направи поубав и повесел (иако на никој друг Лу не му изгледаше ни блага, ни весела, ниту способна животот некому да го направи поубав и повесел), и можеби и самата Ана сакаше на Лу да ѝ го направи животот поубав и повесел, но ја спречуваше тоа што живееше за животот на својот татко, а претпоставував дека по неговата смрт смисла на нејзиното постоење ќе ѝ даде грижата за неговото дело. Неговото бесмртно дело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како дошло до неговата смрт во валканите води на Златниот Рог, не разбрав.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од секаде од периферијата на Душановата Империја по неговата смрт отпаѓаат областите една по една.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
149. Српскиот цар Урош (1355-1371) владее во времето на интензивното распаѓање на оваа веќе разединета феудална држава; неговата смрт го означи крајот и на привидната централна власт на државата. 150.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, некако историчарите на литературата, посигурни се во одредувањето на годината на неговата смрт 1567.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Неговите мачни животни мигови биле отсликани во стиховите, но тие го виделе тоа дури после неговата смрт, всушност, после гледањето на филмот на Антон.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Вие однапред сте ја продале и неговата смрт.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Денес, шеснаесет години подоцна и петнаесет по неговата смрт, можеме да речеме со зборовите на Н.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ј. Харитонов умре една година по завршувањето на текстот „Антиутопија - 80“, ако текстот е воопшто завршен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ајде, Цезар... Кога животот на еден кловн ќе се заборави, неговата смрт, ако е необична, може долго да се памети.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се збираа и тапо го испраќаа крадецот - така кришум го викаа оттогаш по до неговата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неколку денови по неговата смрт од департаментот беше испратен во неговиот стан портирот, со наредба веднаш да се јави на работа: го барал началникот; но портирот морал да се врати со празни раце, реферирајќи дека повеќе не може да дојде, и на прашањето: „зошто?“ се изразил со зборовите: „Па онака, тој умрел, закопан е пред четири дена“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Она што потоа следеше, беше малку срамно за фамилијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но кој би можел и да претпостави дека со ова не е кажано сè за Акакиј Акакиевич, дека му е судено бурно да проживее неколку дена по својата смрт, небаре како награда за од никого незабележаниот живот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не, умре сосем ненадејно: несреќен случај го прекина неговиот живот, а она што се случи по неговата смрт беше и неговата најголема тајна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се збираа и тапо го испраќаа крадецот - така кришум го викаа оттогаш па до неговата смрт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А неговото последно дело, Cheminee anaglyphe (Анаглифен оџак), цртеж од 1968 г., завршен неколку дена пред неговата смрт, прикажува пресечен конус отворен на врвот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Оваа слика, по завршувањето на војната, мајка му ја прати на Богдан и писмо во кое му кажа за неговата смрт и за неговото претчувство.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По неговата смрт, сум се родил јас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вчас беше нарушен сиот домски ред, туку гледате од сите страни како трчаат љубопитни, глупави, глава ќе си искршат, секој сака да ја види неговата смрт.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од таа болка почна неговата смрт.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се разбира, тој не можел да предвиди дека неколку децении по неговата смрт дизајнирањето на фонтовите во ерата на компјутерите ќе биде возможно за секого кој има приод до сканер и софтвер.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Џинот беше неговиот живот, неговата смрт и неговото воскреснување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И кога во еден миг на длабока возбуда на стариот Рацинов дом, по десетина години, се зададоа и ме обзедоа од длабините на моето битие, сеќавањето на тетовската разделба со Рацина и доживувањето на неговата смрт, ги напишав во еден здив, во треската на збиднувањето, стиховите што останаа меѓу моите ракописи половина столетие, до денес.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Ќе ги потурчи и ќе ги направи свои анами, од кои ќе му се народат десетина машки деца, што ќе бидат здрави и достојни да го заменат по неговата смрт.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Деновиве носев маичка со ликот на Корто Малтезе на неа, на што Карло страшно се возбуди: започна одоколу да ги испитува моите познавања на тој (во Америка малку познат) стрип-јунак, па кога виде дека сум фан исто колку и тој, започна да ми раскажува за своето пријателство со цртачот Хуго Прат, за некој филм што требале да го работат заедно, за тоа како животот на големите автори не е ниту малку идиличен како што се идилични приказните за нив, за тоа како Хуго многу пиел и јадел и имал срце за целиот свет, ама не и за насобраниот холестерол, за неговата смрт и спомените што зад себе ги посеал, за тоа како Корто сите други континенти ги прошета и во Северна Америка сепак не стапна, а пак нас водите на животот токму на овој брег нè исфрлија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Мајка не можеше да сфати каква опасност може да предизвика споменувањето на грофот Чано во семејство­то, триесет и пет години по неговата смрт, по исчезнувањето на фашизмот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Игуменот им кажа дека манастирот го изградил свети Наум околу деветстотата година, дека бил светилник на словенската писменост и култура; дека по неговата смрт, дејноста ја продолжиле неговите ученици.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како да се најдовме на истата патека зашто во следниот момент ја слушнав мојата забелешка за смртта на Самоников изречена токму од него: „Имам слушнато” објаснуваше тој “дека понекои злобници тврдат оти љубовта кон Јана била причина за неговата смрт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа плачеше кога ми ја соопшти оваа приказна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Дозволено” ви е да го чувствувате присуството на ближниот три недели по неговата смрт.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
После тој период, таквото чувство станува критериум за утврдување на ментално заболување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Рајна дојде и ми вели: „Замисли си, на гробот на Генералот, по повод годишнината од негова смрт, дојде и онаа мивка од куплерајот, онаа Сузи, или како ја викаат уште, и место внимателно да ја слушаат божјата служба сите гледаа во неа, се разбира не жените туку оние другине.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега сфатив оти мажите имаат муцки на најосетливи кучиња; и тие како и загарите знаат да откријат секоја трага, се разбира кога е во прашање месото на лесна жена".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Проклетство... Чекајќи на неговата смрт, изгубив трпение и тргнав ваму да ве земам...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но по пат ме зафати војната.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По неговата смрт дојде до смена на власта, па снимките од камерата поставена на глуждот на Ирис се продаваа во секоја трафика, како доказ за гнасотиите на претходниот режим.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
После неговата смрт куќата е адаптирана во музеј.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Како што знаете Бертран беше единец, но по неговата смрт старата годпоѓа. парично не го помогна семејството.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Само три години по неговата смрт, кога требаше да патувам во Албанија, за прв пат кога патував во туѓина останав без неговите совети, загрижени мисли. Ми преостануваа неговите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој сепак ги чува за крајот своите крунски аргументи: - Вечното прашање што си го поставува човекот од пештерските прапочетоци, па сѐ до атомската ера е што се случува по неговата смрт?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овде Сталин не доаѓа, туку го повикуваат и го задржуваат и по неговата смрт!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во тој двор кадешто стоевме, токму под тие лакови и сводови, Борхес минал еден дел од својот живот учејќи латински, германски и француски, и всушност поставувајќи ги okno.mk | Margina #32-33 [1996] 208 темелите на својата легендарна ерудиција.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговото опело во катедралата свети Петар и неговата смрт во Женева беа метафори за тој солипсистички живот: Борхесовото место на престој не беше светот во постојан метеж, туку уредните одаи на Библиотеката. (превод: А. Б.) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 221
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
“Град”, зборуваше подоцна за женева, “во кој ги прочитав сите големи книги, од Верлен до Вергилиј”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хронологија на животот и работата на ХОРХЕ ЛУИС БОРХЕС 1899.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес и Марија и се преселија во тој извонреден стан, но само три дена пред неговата смрт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хорхе Франсиско Исидоро Луис Борхес е роден на 24 август во Буенос Аирес (првите три имиња се на таткото и дедовците; четвртото, Луис, е име на стрикото, Луис Мелиан Латинур, уругвајски правник и дипломат). Родителите: Хорхе Гиљермо Борхес и Леонор Асеведо Аедо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Татко му бил адвокат и на англиски јазик предавал психологија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Прошетавме низ градот и тргнавме кон Колежот на жан Калвин, кадешто Борхес одел на училиште помеѓу 1914 и 1919-та, додека семејството му живеело во женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ни еднаш не се расплака заради неговата смрт.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Постојано се раѓаа нови луѓе, а кога ќе успееше некој од нив да се спријатели, по некое време таквиот ќе остареше, ќе умреше, и тој по неговата смрт пак остануваше осамен и тажен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да ме повикаше да се поздравиме, или да се разболеше од некоја неизлечива болест, па неговата смрт да личеше на нормалните.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Оти, ако го носиш презимето на мртвиот маж, може двапати да ти тежи неговата смрт. Не е така?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој сакал по неговата смрт да не остане било каков портрет или спомен за него.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ние останавме толку трогнати од приближувањето на неговата смрт што солзите почнаа да ни течат од очите...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)