негов (прид.) - согледување (имн.)

Реалист по природа, по сите негови согледувања и анализи, Еванс можел сосема слободно да заклучи дека и покрај желбата за обединување на Македонците во една независна и самостојна Македонија, што и тој им го посакувал да го остварат како нивно право, Македонија како таква „не може да егзистира“ и дека е тоа „непожелно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај фактот што вистината за настаните во Македонија во американскиот печат полека си го пробивала своето место, односно може да се каже - задоцнетата вистина за носителите на отпорот, американскиот политички естаблишмет, по смртта на Рузвелт, влегол во сферата на "реалната политика" и застанал во одбрана на интересите на западната демократија во Грција и во Турција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Прагмата морала да не му даде простор на правото на Македонците за нивно обединување, пред сѐ затоа што на Еванс му биле познати ставовите на Грците спрема Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според неговите согледувања, од тогашното расположение меѓу политичките кругови во Бугарија, „четириаголникот Горна Џумаја-Разлог-Неврокоп-Петрич ќе биде дел од македонската држава“, додека проблемот со грчката граница, како што забележува М Вестерн, е многу чувствителен, и покрај тоа што никој не можел да го оспорува фактот дека зоната меѓу Лерин и Солун е „населена со Македонци, кои малку се разликуваат од нивните роднини северно од границата“, а „Солун е природно пристаниште на областа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)