негов (прид.) - сопче (имн.)

Секоја вечер чекаше мракот во неговото сопче да го растера светлината од спротивниот дом и стоеше зад прозорецот како питач, страсно насладувајќи се со онаа мала и драга блискост, со онаа семејна топлина во која уживаа други, во која уживаше и тој, како дете, за време на ретките мирни вечери во нивната куќа, кога мама... мајка му... како оваа овде...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Брат ми веќе не излегуваше да прошета со мене, ниту пак играше надвор со своите врсници, затоа што им беа поминати годините на игрите; неговите пријатели понекогаш доаѓаа во неговото сопче, а кога тој излегуваше да посети некого од нив, мама доаѓаше кај мене и велеше: “Денес е убав ден,” ги поттурнуваше завесите и го пушташе сонцето да влезе во собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Избегнував да бидеме во иста соба; сепак исто како и порано исчекував да се врати од гимназијата, или од посетата на некој од пријателите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во неговото сопче, дури и кога го немаше дома, веќе не влегував.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полека почнав да излегувам од дома со мама – одевме на пазар, или кај татко ми во продавницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште двапати Клотилдина му понуди светилка, но залудно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)