негов (прид.) - способност (имн.)

Мислам дека моќта на телото не е толку во неговото смислено делување - тука лесно можеме да го сфатиме како орудие на духот приклонето кон волјата - колку во неговиот еротски живот, во трпењето, т.е. во неговата способност да перципира, реципира, да им се прилагодува и да инкорпорира други тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но се менуваат сфаќањата и согледбите за телото, она што им го припишуваме на телото и на духот што во него делува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дијалог со културата и цивилизацијата е потребен пред сѐ, со цел да се унапреди човековата спремност, неговата способност и самодоверба, заради креирање на неизвесноста на сопствената иднина со интерактивна комуникација, осигурување на раст и креирање на културно- цивилизациски развој! Решението на загатката е токму ова!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ми раскажа Пере Катин, зетот на Сотира, помлад човек во чија меморија можеш да се потпреш, па и во неговата способност да разбере што се зборувало, и да пренесе точно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се сети дека пред да биде уапсен и донесен со специјален авионски лет во Виена, тој цели петнаесет месеци лебдеше во облаци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сликите на апокалиптичниот сон ги заменува неговата способност за брза рационализација: Геханна, јудејскиот непрецизен поим за пеколот како што, впрочем, јасно покажав во мојот докторат, е доработен во Куранот и таму е преименуван во Џаханнам или Џехеннем. Во Солун велат – во џенем.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Филмот, во тој контекст, е голем синтетизатор на уметничките родови, а фактот што се појавува најдоцна во една историска смисла (време на развиена технологија)само ја потврдува неговата способност за еманципација на многу дејности дотогаш неможни за интегрирање во еден концепциски проект.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа не исчезна само од собата туку и од неговата визија, од неговата имагинација, од неговата способност да си го замислува нејзиниот лик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нели, мегаломанска порака: истовремено насрчува но и обескуражува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
" Сега веќе речи си сум сигурен дека сум буден.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да ми порачува: "Ако не си способен да си ги остворуваш замислите, тогаш не си способен ни да живееш!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓутоа, мислеше на нешто друго – тој ѝ се допадна заради неговата способност да се менува, секој ден да биде малку поинаков од претходниот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И тоа беше некоја негова способност да ја направи поднеслива секоја случка, да ја исуши и претвори во бескрајно зборување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓутоа, јас го познавам министерот како математичар и поет, и своите мерки ги дотерав на неговите способности, земајќи ги предвид и околностите што го опкружуваа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Во границите на неговите способности?“, реков.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така, кога Г. ни го изложи својот начин на пребарување на куќата на Д., бев целосно убеден дека добро ја спровел истрагата  во границите на неговите способности.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За оној што се нарекуваше artifex, успехот на неговите напори зависеше од неговата способност да ја обработува живата сè додека таа не се здобие со моќ за трансмутација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Создавајќи го овој псевдоним пред повеќе од педесет години, Деснос го призна Duchamp како мајстор на еден тип на концептуална уметност, каде што зборот „концептуален“ е употребен во оригиналната дишановска смисла, т.е. како спротивност на ретиналното. 90 Во светлината на алхемиската традиција, уште попоучна е анализата на хомонимот на зборот Сол - scel (жиг).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но нема никого внатре овој Mac2 на кого чукам овде; неговите способности да прави она што ќе му речам се некако отелотворени со начинот на којшто е изграден.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Набљудувавме како двегодишно дете учи да зборува и дадовме теорија за тоа како шемите на детето можат да ја репрезентираат неговата способност да го учи јазикот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Неговата способност да се поти беше неверојатна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Размислував интензивно додека ги следев забрзаните чекори на иследникот додека го правеше оној полукруг низ собата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И двете дела својот ефект го должат на детски инвентивната трансформација на секојдневните објекти и материјали.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Класичен пример за оваа негова способност е Bull’s Head, 1943. година, составена од велосипедско седиште и метални рачки, потоа Baboon and Young, 1951. година, направена од пар колички-играчки, отпадоци од дрво, парчиња од керамичка вазна, автомобилски амортизер, делови од лонци и шерпи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Исто така, во првата половина на март 1944 година, американскиот печат го пренел на своите страници писмото на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија, упатено до министерот за финансии Хенри Моргентау, во кое се барало да не се дозволува вадење на нејзините депозити што се наоѓале во Државната благајна на САД во каков било износ и од чија и да е страна, без согласност на Националниот комитет на ослободувањето на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едновремено, пред членовите на делегацијата, тој истакнал дека е потребно сојузничките влади официјално да му дадат охрабрување на Јосип Броз Тито, бидејќи "герилската армија (се однесува на НОВ и ПО на Југославија, б.м.) претставува сериозен проблем за нацистичките сили на Балканот и во Италија", а уште повеќе "заради неговата способност да ги обедини различните политички групи во Југославија", што претставувало, според Ла Гвардија, "најдраматична работа во целата војна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)