Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Попусто. Песната личеше на офкање и уште повеќе го потсети на неговата старост.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Во градината на југословенската резиденција работеше дваесетина години. Градината личеше по малку на неговата старост.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пред сите тие луѓе стоел крестоглав човек со чабав кожув и се клештел со љубов за пролетната топлина или можеби не можел да ја поднесе сончевата штедрост; не се смеурел, лицето му го брчкала исцрпеност на каменоломник а неговата старост не можела да се прочита ни од очите ни од жилите на вратот и на рацете.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)