Приговорот, испратен по однос на ова прашање од негова страна, не наиде на одговор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Единствено искачени на Калето, ние можевме да го гледаме градот од средината кон сите негови страни.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сето тоа воопшто не беше во ред од негова страна, ни спрема неа, ни спрема тебе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Градевци, Бешивци, Полчивци, со дедот Колета и Бешот на чело, тргнаа први, да го заобиколат селото и да се најдат на јужната негова страна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но не беше помината сосем на негова страна, не сакаше „да засмрди на турчовина".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море, шо му се плашите, ослепаго, на еден стар дркул; ќе го налегниме како вол, — им влеваше кураж Бешот на другите селски војводи, псуејќи го стариот мудур, Арсланбеја со кого беше долгогодишен пријател, како коџабашијата Трајко од Витолишта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Сознанијата од внатрешни можат да се резимираат само во еден исказ: не се забележани, од негова страна, противнародни дејанија - одговори другарот Чапаев.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Колку и да можеше да се претпостави некаков патријархален диктат од негова страна, беше чудесно и благотворно да се почувствува колку многу ја почитуваше тој нашата индивидуалност, како во ретко кое друго балканско семејство.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сообраќајот се движеше на неговата страна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не сакал да го види и покрај молбите од негова страна и искрените извинувања.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Кога стигнал со своите голтари до Скопје, она што никој не го памети и што го запалиле австриските војски на честитиот или никаквиот цар Леополд, ајдутот Парамон дошол пред књазот Карпош и му рекол дека ќе се бори на негова страна за човечки правдини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тоа време, годината е напишана во црковните книги, мајданџијата Карпош ги кренал на востание луѓето од земјава, зазел од Турците неколку градови и ги исклал беговите во десетина села.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Она, што се случи со него и со волкот, не можеше да не го потсети на сето друго, што се случуваше околу него, од сите негови страни, и сега, наеднаш тој веќе беше свесен што можеа да значат и сите оние несфатливи прострелкувања на вртенестите прилики, што сновеа и пресновуваа сето време по сивината меѓу стеблата на самиот раб од неговото сознание.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Преку начинот на кој беше пречекан, Ѓорѓе беше сигурен дека само еден е на негова страна. Тоа беше Никодин.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И тој (Акиндин) се застапувал за спознавањето на бога преку разумот, за разлика од платоничарите (исихастите) кои на срцето и на чувствата им давале предност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Помислува и на овците, време е кога се јагнат, и си помислува и за нив да го праша Васила, но при ненадејна помисла на убиството на стрика Анѓела Јанчески и при помисла дека тој и другите имотски луѓе штотуку се вратија од неговиот закоп, сето тоа му се чини толку дребно и толку себично од негова страна што само изустува Добра ноќ и по патеката направена во снегот зачекорува кон господарската зграда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На негова страна биле патријархот Јован Калекас и царицата Ана Савојска, кои се придржувале кон поумерниот правец, наспроти на исахнатите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не можеа да мобилизираат силна подршка во земјата, па така останаа само силен противник од којшто Стојан, секако, се плашеше, но и знаеше дека во посериозна битка од било каков вид, шансите за победа се секогаш на негова страна.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Во неговите очи понекогаш се гледаше силна желба да учествува во некој интересен разговор и круг, но мислата го кочеше: да не биде тоа премногу од негова страна, да не биде фамилијарно, и да не го намали на овој начин своето значење?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И како последица на ваквите размисли тој остануваше во секогаш истата молчелива положба, изговарајќи само одвреме-навреме некакви едносложни звуци, и на тој начин се здоби со титула на најздодевен човек.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сепак само гребеше и удираше додека и скараните секој по малку уверен дека таа е на негова страна, се мердаа над паднатиот револвер.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Камилски беше фасциниран од личноста на Фаик Коница, му кажуваше на Татко дека и тој би бил на негова страна, бранејќи го својот мајчин македонски јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Конечно, сите бевме против него, немаше ни едно единствено срце на негова страна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Им помогна со прашување и не ја подотвори вратата повеќе отколку што треба, им помогна, а стравот, наежен и со непознат облик, беше на негова страна, против сите нив и против нивното спокојство.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Томаица се прашуваше што ли прави нејзиниот сакан Перо, копнееше по знак од негова страна.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Од едната негова страна имаше плитка длабнатина, во која сега седеше Винстон и која, кога биле градени становите, веројатно била предвидена за полица за книги.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Знаеше, со поголема извесност од порано, дека О'Брајан е на негова страна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Каков доказ има тој дека барем едно единствено човечко суштество кое живее сега е на негова страна?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Шесто, во 2004 година, како основа за престанок на правото на паричен надоместок, покрај затекнувањето на работа од страна на инспекциски орган (чл. 77, ЗВОСН), беше додадено и работното ангажирање на невработеното лице како и вршењето дејност од негова страна (чл. 15, ЗИДЗВОСН/04), а со промените од следната година беше дополнето дека при таков случај ќе биде запрена и исплатата на паричен надоместок (чл. 6, ЗИДЗВОСН/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За да се обезбеди непристрасноста на инспекторот при спроведувањето на инспекцијата, со ЗИТ (1997) е пропишано дека инспекторот не смее да врши надзор кај работодавецот каде што тој или член на неговото потесно семејство е сопственик или сосопственик, член на управниот одбор, директор или каде што тој или член на неговото потесно семејство имаат материјален или друг интерес, додека, со цел да се обезбеди извршувањето на обврските од негова страна пропишано е дека тој е одговорен ако пропушти да изврши обврски или да преземе мерки, кои по законот бил должен да ги изврши, односно преземе, во постапката на надзорот (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, дали неа уште ја има? И од негова страна?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Компликациите се од негова страна.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Од таму тој голем отпор од негова страна кога сакав да заминам за Скопје на приемен испит во Учителска.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И се што му нарачаа донесе. Кога Митра направи забелешка дека Стојо не донесол поарни дарови, (а се знае: за да ѝ угоди на мајката), Доста застана на негова страна: — Арни се, арни сестрице Митро!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се разбра зошто Крчо седи кај сестра му и скоро сето село застана на негова страна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа Фонче секого го охрабруваше и му велеше дека правдата е на негова страна.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А посебно оној: од каде таа дрскост да поставувате прашања на еден слободен граѓанин ?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Впрочем сите аргументи се на негова страна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Добро, и тоа е храброст, ама од еден друг вид, иако јас, со својата женска памет просудувам дека таа Пелагија, во колку воопшто веќе постоеше, не заслужуваше такво однесување и толкава верност од негова страна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
По што ценам?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Отспротива е регалот, преграден дел - половина за облека откај неговата страна, а половина откај сестра му.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во барањето начини за заштита на своите интереси, Британците од своја страна сметале дека со формирањето на една "унија од сите балкански држави, сојузнички и непријателски, и со вклучување на Турција во федералната држава, би се решиле балканските проблеми".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Според британските анализи, контролата на Протоците од земја блиска на СССР би "било рамно на физичко контролирање" од негова страна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Инаку, велат дека не е во интерес на владетелот во својата држава да трпи повеќе вери: ако во неа се соберат сите секти на светот, тоа не би предизвикало никаква штета, бидејќи не постои ниедна секта којашто не заповеда послушност и не повикува на подредување. Монтескје (Montisquieu), Персиски писма, 1721 okno.mk | Margina #32-33 [1996] 90
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оној којшто еднаш ќе ги раздува сите тие моќници со кои сталежот мавта како врачевите со своите фетиши - неговите големи писатели, неговата Џоконда, неговите столови Луј XV, неговата убава граматика, неговиот изумрен стерилен јазик, целото негово купиште конзервирани мртовечки коски коишто ги потстава како уметност и култура - оној кому што ќе му успее да му дојде од газот до главата дека вистинската жива уметност, единствена, и вистинското инвентивно творештво се на негова страна, а не маскарадите под покровителство на министерствата, тој ќе го потисне алчниот сталеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но, можете да сметате на тоа дека алчниот сталеж ќе се брани.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Љубомората допира сѐ до поединците: секој е претпазлив и се плаши да направи работи што би ја обесчестиле неговата страна или би го испоставиле на непростен презир и осуда од спротивната страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така може да се забележи дека воведувањето нова секта во државата е најсигурен начин за тоа да се поправат грешките на претходната.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бреза веднаш се искачи на високите столови крај шанкот, а јас застанав од другата негова страна, каде што обично гостите ги послужува шанкерката.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Мурџо слути некоја неубава работа од негова страна! и откако помолча малку Морам да ти признам, ќерко златна, и моето срце затреперува кога ќе го видам! Не знам зошто!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Многу умна провокација од негова страна.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Било крајно некоректно што, само за да му се помогне на султанот и да се оправда неисполнувањето на февруарските реформи од негова страна, одговорни за солунските атентати да се прогласуваат рускиот конзул во Бугарија Бахметев и бугарскиот кнез Фердинанд.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Односите биле такви што за секого било јасно дека потоците крв на нашиот народ нема да трогнат никоја од големите сили никоја од нив нема да застане цврсто на негова страна.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Ми даде бонбонче! - вели Билјана. - Ти дал? Убаво од негова страна. Но што е тука чудно?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
За многу неправедно го сметам ова од негова страна, но бидејќи мајка ми, гледам, таквите обвинувања не ја погодуваат, освен ретко, престанав да им обрнувам внимание.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Сум ти рекол јас – продолжи татко ми – премногу доверба имаш во неа! Ете ти го резултатот, гледаш?!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)