негов (прид.) - студенило (имн.)

-Сево ова е привремено - зборуваше Ирина, загрижена, а во себе мислеше: „Да и се случеше тоа на онаа плачлива глупача Наташа - тоа ќе беше едно; таа тоа можела и да го сонува; но Вадим... со неговото студенило, практичност...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Целиот следен ден мина во потиштеност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неколку пати шмркна, свртен кон ветерот, испитувајќи го воздухот, барајќи некаква посебна миризба во неговото студенило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа пак одев кај Рајнер, а таму ме дочекуваше неговото студенило, и потсетувањето на моето ветување дека никогаш повторно нема да дојдам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас излегував од неговиот дом, а дел од мене остануваше таму, како сенка на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)