негов (прид.) - тајна (имн.)

Неговите тајни работни досиеја беа мошне лаконски, најчесто со ознаката општествено инертен, но интелигентен, коректен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сѐ ќе си остане негова тајна и мака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зашто наскоро по тој договор сите постојани посетители на Боцевата берберница ја знаеја неговата тајна, иако тој не можеше да ја сети промената.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Комитетот како трајна организација, се плашеше да пушти кај себе рамноправни членови од другите народности, од Словени србомани и гркомани, или пак и само со српско и грчко образование, од страв неговите тајни да не им станат достапни на балканските државици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко замина засекогаш од Цариград, со голем катинар во својата душа го заклучи цариградското време, со сите негови тајни, како никогаш да не постоело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вџашена од неговата тајна што бавно ми се постила в очи му се радувам на летото што мирува над просторот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Споделувањето на неговата тајна би можело да му го олесни страдањето, но како би можело тоа да ѝ помогне на Рози?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И се тргна на замрсеноста. Ја спушти оревовата поцрнета плоча во ковчегот од кој ја извади и стана премудар: го запозна минатото, виде дел од иднината, ќе молчи, господ ги определува за видовити, оние што знаат да ги чуваат неговите тајни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но момчето не ги слушало веќе зашто во кафезот на неговите млади ребра срцето му трепетело како штотуку разбудена птица; не зашто умниот песнопоец Богдан Преслапец или најстариот со гајда Каменчо Скитник не можеле да објаснат дека битието се обврзува да му служи на духот што низ векови бил тајна и копнеел по тајни како кога се пеело ој ти тебе ѕвездо вечернице, уште мене јунак не познаваш и не зашто мирисот на смртта го урнал на коленици сневеселениот Богоја Гулабарин: зад нив, меѓу карпи и мртви или полумртви стебла, стоела како фатена во нишки на магија немата девојка Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кришум, додека луѓето се собирале да го определат местото за гроб, Лозан Перуника се стрчнал со намера да ја спречи девојката да се доближи и да ја открие неговата тајна, ноќните грчења и возбуди од кои до зелените мугри на пролетта крвта му се испарувала низ облеката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се губат најблиските во такво семејство, останува да се трага по неговите тајни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дали и таа се замислуваше како дел од семејството во кое требаше да се врати, да го надополни солидаризирана со моето чувство на потрага, на трагање по некогашната семејна полнота?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Дали бдеела над неговите тајни мајка му на Капиданот кога слезе месечината насмевката од Кузмана да ја зајми за да ја осветли со неа темнината?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Човекот сјае однадвор И поради тој блескот Тешко ќе ги откриеш Скришните премини што водат Кон неговите тајни места: Кон фонтаната на милозливоста; Кон вулканот на гневот и на срџбата; Кон садот со пепелта на надежта.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тогаш Чанга откри дека татко ми, Калето, неговата историја, неговите тајни многу, многу го интересираат, се разбира мотивите на татко ми се разликуваа од неговите и интересот на Чанга за тврдината над градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вие сте навлегле длабоко во неговите тајни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Цветан Горски, уште од раното детство, се приврза за живиот свет на Езерото, познаваше многу негови тајни, па еве сега стануваше и негов научник.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ова го реков бидејќи сметав а и сега сметам, дека во тие години подобро од мене владеевте со чувството на младиот човек исправен пред непознатото, пред неговите тајни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Исто така, добро ја анализираше Деветтата Бетовенова симфонија, составуваше правни документи, наизуст го знаеше бројот на законот за кој се зборуваше...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Остана неговата тајна како успеваше да остави впечаток дека тој ден нема да направи ништо. А сепак правеше. И тоа редовно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Започна, на свој начин, да го интерпретира и да го замислува нивниот сон според кој, доколку се комбинираат до бескрај една завршена, одредена серија од букви, односно знаците на една книга, би можело, еден ден, да се открие името на Бога, односно неговата тајна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)