негов (прид.) - тежина (имн.)

и се тупав по главата кога го видов извадено крај реката; почнав да ја кубам косата, но луѓето што го извадиле, ме спречуваа; го гушкав и сè уште не верував дека е мртво; лелекав и го носев сама на раце за дома да му барам спас; паѓав под неговата тежина, но никому не му го давав да го носи;
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Планината тонеше под неговата тежина, земјата се виткаше и на крајот се појави сета, надуена и дебела месечина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во време кога има толку многу за читање, го губиме нашиот вообичаен поглед развивајќи нова вештина - можеме да ја одмериме содржината на напишан текст според начинот на кој го чувствуваме кога го допираме, според неговата тежина или изглед. (...) Можеби се враќаме назад кон старите системи на комуникација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вие сега одново сте решени со двата прста да му брцнете некому в очи… и така натаму,” овдека одеднаш го повиши тонот и, веќе, викаше разбеснето началникот, втурнат во лицето на Ема Ендековска, напрегајќи се во тие мигови да препознае во нејзините очи било кој друг што ќе може да ја разбере неговата тежина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа отвори една мешунка, го извади крупниот и натискан грашок и ја почувствува неговата тежина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Никогаш не ја прашав од што беше направен, но знаев дека неговата тежина ме спречуваше да го истуркам од креветот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа два слоја од тој длабок снег, едниот беше здола и го зафаќаше високо до над колениците, а на неговата површина стоеше една дебела корка, која иако тешко, но сепак секогаш се раздробуваше под неговата тежина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Таа е нема“, пак повтори жената, со дланки покажувајќи ѝ го лицето на девојката за да не гледа како сѐ уште ги распарчуваат мртвите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го видов пред паѓање оќоравениот Арсо Арнаутче и го видов полуголото старче како бега со крик низ вратата, слушнав извици на некои што доаѓаа и почувствував дека почнувам да повраќам чемер, и сѐ беше стравотија на крст што паѓа врз нас, нѐ дроби и остава да изгнијат под неговата тежина мртвите надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дрвениот под скрцнува под неговата тежина кога тој ќе се пренесе од нога на нога.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еразмо беше распнат меѓу два пата, прикован за сопствениот крст, кој му тежеше; покрај тоа што знаеше дека мора да го носи, беше немоќен да излезе на крај со неговата тежина, со тежината на своето сопствено физичко тело, со сето она што телото го бара!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Кога имаш работа со неверник, неговата тежина ја чуствуваш на глава, тежи како камен, па така не можеп долго да го издржиш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)