- Доближа уста до неговото уво и му шепна: - Оној пезевенк, астиномот, ќе ми ја земе дозволата да свирам. Зборувај со него.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога се најде на десетина чекори далеку од гробот, до неговите уши допре зарипнатиот старечки глас на осумдесетгодишниот поп Васил.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Киро – до неговите уши допре тивок и исплашен глас.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Не да се фалам, но така е... Секогаш со овие зборови започнуваше велгоштанецот и додаваше како неговото око сѐ видело, а неговото уво сѐ чуло.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во мигот кога земаше воздух меѓу два целува, Рада приближувајќи се до неговото уво му шепна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Постојано во неговите уши одѕвонуваше ... „не смееш да ја венчаш, зашто тоа ќе ти донесе уште поголема несреќа“, на сето тоа додаваше „да беше среќа, досега ѝ куп деца ќе ти изродеше.“
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Од спротивната страна на жицата до неговите уши допираше метално чист глас кој по својата боја му беше познат, беше сосема сигурен дека го имаше слушнато и порано, но не знаеше кога и од кого.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, сега гледам, работите стојат поинаку, бидејќи вредностите кои ги држеше тој пред себе како црковни табли, всушност ги доживуваше како товар што насилно му е натоварен, а за неговите кошули и за огнот в куќа и во нас, и уште за сандаците за замрзнување на кои им скапуваше газерот, за разглавените капаци на клозетските шолји, за штекерите без жица за вземјување, за цевките ф-15 за одвод на водата од машината за перење и бигорисаните цевки за довод на топлата вода, за недоволниот притисок на водата во бањата и преголемиот притисок во неговите уши, за лековите за детето што не можеа да се најдат на рецепт, а можеа да се најдат еди каде, на другиот крај од градот,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На крај, кога за последен пат удри по жиците таа вечер, а девојчињата во публиката скокаа, пискаа и ракоплескаа, а тапанот сè уште се слушаше, тој сфати дека тоа е тапанот на неговото сопствено срце, расчукан само во неговите уши.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Затоа и сега прво се потсети на болката од понижувањето па дури потоа стана свесен за тоа дека некој така да офка, како што допираше до неговите уши, ударите мора да се безмилосни.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„И кучињата не заборавај ги“ - ѕвонеа во неговите уши упатствата од дедо му што му ги даваше синоќа, а и утрово кога се испраќаа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Некои од тие шумови, необични, непознати за неговото уво, доаѓаа од подалеку, можеби откај плевната или од преку потокот, додека едно жално квичење и гребењето на вратата беа нешто сосем јасно, блиско, разговетно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Истрелот што така ненадејно долета до неговото уво, донесе и малку надеж.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од неговото уво капеше крв рамно во широката јака од старата кошула.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Потоа, не тргајќи се од некое танко брчење што се движело околу неговото уво со лет на недозгреан комарец, не можел да се одбрани од зборовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најпрвин не ги разбирал. Во него несовладливо бучела крвта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во неговите уши, кој знае по кој пат, одекнуваа тажните звуци на војничката труба.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
На алките на неговите уши заѕвечеа многуте клучови на државната каса, во која чуваа шарени стакла, скршени огледалца, празни конзервени кутии и еден скршен молив.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Најдов дебела гранка и напишав на неа „најубаво јадење за крокодили“.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Мартин му ја прегрна раката, се поткрена кон неговото уво и шепна: - Тате, тој е! – рече и пак ги почувствува сите студени морници како му јурнаа по малото топло, тукушто разбудено тело.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Жената од портретот му се смешкаше спокојно и таинствено на Том и тој повторно погледна назад кон неа, а срцето му чукаше како некаква музика што ечеше во неговите уши. „Таа е прекрасна“, рече.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)