4 Примерот на Х.Џ. е за одбележување затоа што неговата храброст и решителност да покрене судска постапка, делуваше инспиративно и стимулативно за другите вработени во фабриката, кои соочувајќи се со истиов овој проблем, беа во тешка и незавидна ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ревносните воени хроничари бележат со сигурност дека Лакхдар, претходејќи им на сините шлемови, со сигурност има заслуги во спасувањето на животите и домовите на милиони луѓе во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Запрашан околу тоа дали тој повторно би тужел, доколку во иднина му биде повредено некое право – Х.Џ. со право изјавува дека, од денешна перспектива, многу важен услов за покренување тужба е тоа колку ќе биде самиот тој, економски и психички силен тоа да го стори – затоа што одењето на суд е голем луксуз и голем стрес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Генералниот секретар на ООН Кофи Анан на крајот на кариерата на својот специјален пратеник му ја изрече во лично и во име на светската организација длабоката благодарност за неговата храброст во решавачки и пресудни моменти, за неговата мудрост и преданост во историските мисии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, не! Изгледаше како неговата храброст ненадејно да се зацврстува сама од себе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И Татули покажуваше интерес за она што Мил го истражува, дури и се воодушевуваше од неговата храброст што со ваква крупна работа се зафатил.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
За неговата храброст разбрал целиот град и така трговецот направил политичка кариера.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)