Меѓутоа, кога се соочи лицето на доктор Миха со лицето на неговиот син, не се знаеше кој е повеќе мумија; сета крв истечена од неговото чедо, одеднаш скипна и во него, потона низ неговата снага како снеговна грутка во бескрвна тупаница, и тој стоеше како сосечено дрво, не чувствувајќи под табаните ни корен, ни земја, ни камен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И кога виде што сториле лажните богоумјасници, кога го здогледал новиот вавилонски храм врз кој биле вѕидани и распнати неговите чеда, се расрди многу.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Царот заповеда да се подготви телото на упокоената, да се викне зограф што ќе наслика последна слика на неговото чедо, и да се сметат стакленцата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)