негов (прид.) - четник (имн.)

Во Битола Ѓуро не заборави да издејствува помилување и за своите двајца четници Колета и Стојана, но додека тој се задржа таму да ја положи клетвата и го утврди „посрбувањето", наредникот успеа да ги фати неговите четници и една ноќ ги „суреди" обајцата со ладно оружје — по еден штик во градите — и ги закопаа во грмаѓето Уровички.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си купи и наружа бел коњ со сите ѕрнѕулки, узди, ремења, а пушките од сите негови четници ги накова по кундаците со жолти черечиња и половини лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го ослободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
9. Прилепската чета, со која отидоа Пере и Ѓорче, закрстари по Баба, Никадинска планина и Бабуна, но Бахтијар ги насочи потерите и на таа страна, та еден ден мораше и таа да се растура.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој е за бегање — патот му е прав — нека си оди со здравје, — го заврши Ѓорче својот краток, но пламен говор сред дабовата корија и порача на еден од неговите четници да му подаде вода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гарванов само промрмори колку да каже нешто: — Секој си е сајбија на својата глава, Ѓорче!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го прегрна Тодор Толета и го избакна. Се избакнаа и неговите четници со Толевите и Толе ги поведе по мракот сите кон Вепрчани, откаде уште истата ноќ ја прејдоа Црна и ја фатија жиовската Станоновица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во Градешница фрли мерак на убавата Неда Романова, та го натера стариот поп Тодора да го венча горе во ливадите; во Старавина и го слушна гласот на Марија Милетова кога го опљачка Сивета и, кога ја викна да ја суди што одела со Мушон Евреинот од Битола, кој имаше дуќан во Старавина, место да ја осуди, тој се загледа во неа и си ја фати посестримка за тоа село; во Бзовиќ пак се фати свети јован со Петрета Мијаков заради неговата млада Севда; во Вепрчани со Јана Којдова, и така со ред, та и од таа страна си го уреди животецот: да не му врви времето напразно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тоа, потенцирале, се случувало само во ситуација кога британската политичка елита покажувала страв од "овие движења", потенцирајќи го притоа признавањето на кралот Петар ИИ Караѓорѓевиќ, кој од почетокот на војната заминал во емиграција, бил признаен од Британската влада како легитимен претставник на Кралството Југославија, а уште повеќе со признавањето на генералот Дража Михаиловиќ и неговите четници како единствени борци против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Колку и да настојувале американските разузнавачи да ја прикриваат активноста на ПО на територијата на Македонија, кон крајот на 1943 година повеќе не можело да се бега од вистината.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од друга страна, Британската влада зазела сосема игнорантски став спрема НОД во Албанија, Југославија и движењето на отпорот во Грција, а тоа го искористил СССР, кој "покажал каде лежат нивните интереси".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како и во 1942 година така и во 1943-та во печатот на САД преовладувале информациите во кои сè уште се величани генералот Дража Михаиловиќ и неговите четници како носители на отпорот во делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)