Тука дедот Ристе се поднасмевна и се опули лево и десно да види как помина оваа негова шега.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Докторот не знаеше колку е суров со тие негови шеги!
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но покрај ваквите недоразбирања забележани се за жал и случаи кога предлагачот само се пошегувал а неговата шега присутниот службеник ја има сфатено како сериозен предлог.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тоа што требаше да го стори беше да не каже ништо и да го натера да поверува дека неговата шега е јалова.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го паметам како добар човек и уште подобар шегаџија. Не знам дали неговите шеги беа толку шеговити и секогаш нови кога ги правеше со возрасните, но нас децата тој секогаш знаеше да нѐ изненади и да нѐ засмее до пукнување.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Не ми одеше тоа заедно со неговите шеги на своја сметка, на моја сметка, на сметка на сите луди што живеат како да ќе бидат вечни.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)