негов (прид.) - нормален (прид.)

Тој опишува како неговите сопствени перцепции се енормно повишени откако пуши марихуана: како уште од самиот почеток на уживање на марихуаната сфатил во колкава мерка станал осетлив на сликите на различните уметници како што се Кле (Klee), Сезан (Cesane) и Рембрант (Rembrandt) и како ова посебно доживување под дејство на марихуаната, еднаш доживеано, останало во нормалната свест, иако неговата нормална свест сега има многу поширок опсег.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- А на Васил нема да му го избришеш приборот? - се пошегува тетка Марија, наместо да се навреди, а потоа се сврте кон мене и ми рече, - Знаеш сине, тетка ти Олга мисли дека сум многу нечиста, а не сфаќа дека јас само не сум толку чиста како неа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мојот стомак, кој и онака ги имаше присобрано сите вишок масти и килограми на моето тело, небаре невидлив магнет за маснотии му се беше заглавил околу папокот, сега беше скоро двојно поголем од неговата нормална величина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)