Следејќи го владеењето одблиску во медитеранските источни пространства, како амбасадор, имав прилики да се соочам со владетели кои во владеењето ја избираа првата линија, која би водела неизбежно кон напредокот но и други кои се препуштаа на свиоци кон непознатото, неизвесното, со обиди да ја извишат кривата на владеењето повеќе од нивната реална моќ...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кривата на нашиот бегалиски живот во својот лет ја допираше највисоката точка, за потоа да го означи својот неизбежен пад за што не можевме веднаш да бидеме свесни.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но, за речиси сите владетели може да важи метафоричната претстава за извишувањето на кривата на владеењето до кулминативната точка и потем за неприфаќањето на неизбежниот пад!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Секоја од империите, осудени на неизбежен пад и заборав, како да има свои надгробни плочи во остатоците на киклопските камени блокови на кои беа втиснати пораки со различни писмени знаци, секогаш разместувани од новите освојувачи или од потресите на земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)