Ги барам гробиштата на дедо, на мртвиот, непознатиот дел од семејството.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И уште нешто што можеби ја објаснува суштината на проблемот и го прави беспредметен овој разговор: јас знаев, а и сега знам, дека ништо нема да потврдат дури и евентуалните надворешни сличности или разлики помеѓу нас двајцата, помеѓу мене и Јана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тишината, гробната тишина, беше посилна од сѐ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таму, во оставените книги, вистински почиваше времето, со сите свои непознати делови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Заседите на претпоставките за непознатиот дел на неговиот живот демнеа од секоја куќа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но јас немам доволно аргументи за да го потврдам тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Иако во некој, и за мене самиот непознат дел од мојата помисла можеби и постоела некаква намера.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)