непријатен (прид.) - настан (имн.)

Потресен- непријатен настан!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Настанот беше непријатен само за мене - реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече дека ќе треба тој непријатен настан пошироко да го образложам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-На сите други учесници, мислам пред сѐ на моите врсници што ме исмејуваа, она што се случуваше веројатно им наликувало на скеч или на хумореска во која, за жал, јас бев исмејуваниот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш Французинката направи нешто дотогаш невидено.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По овој непријатен настан што се одвиваше пред вратата на тоалетот настапи затишје во кое единствено се издвојуваа нервозните чекори на тетка ми која патролираше низ ходникот, веројатно, како што претпоставив, чекајќи ги децата да излезат од тоалет за да исчисти по нив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За жал, по некое време, се пишмани што воопшто почнал да џогира поради еден непријатен настан.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Гасовите во мојот стомак се раздвижија и почнаа прво да татнат, а потоа да цвилат во двоглас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)