Кога првиот ден, во свежо обоената, бело-зелена „Застава 101“, со светкава фирма Радио-такси „Вардар“ бр. 75 на покривот, појде во лов на муштерии, не ни претпоставуваше колку малку го знае Градот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кога зборуваше, внимаваше зборовите да не ги исфрлува тукутака: ги задржуваше во себе, господареше со нив сè додека не оценеше кога треба да ги изусти; велеше: ”Еден непромислен збор да пуштиш, ти треба безброј други да го поправат...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
– Јас се извинувам доколку те навредив со некој непромислен збор. Ете, така, втасавме. Колку пари ти должам? А, па ти пишува на броилников. 96 денари.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)