Останал да лежи мешечки заштитен со трепетливи сенки и разбудени грмушки и да ги слуша, по еден миг или по една вечност, нивните гласови, нејзиниот натопен со горчлив прекор и солзлив во грлото но без каење, неговиот влакнесто рапав, оправдувачки, премногу тврд за да утеши или да објасни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)