Ту ни се чинеше дека сме на пат точно да го определиме, ту го губевме сфаќајќи Margina #26-28 [1995] | okno.mk 145 дека сме тргнале во погрешна насока: ја губевме ориентацијата, застанувавме, се враќавме, а звукот притоа стануваше сѐ послаб, поодалечен, поизмамувачки, за да се загуби конечно како нејасен шум во маглата. *** Се обидувавме многупати потоа, мојата роднина Емилија и јас, да ја најдеме необичната куќа која, чувствувавме имаше некаква таинствена врска со звукот на бродот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)