Со куќата-во-себе и низ нејзините врати ќе излегуваш на сокаците на Ур и Урук, на Лагаш, Киш и Нипур, на ридовите на Вавилон и Нинива, ќе талкаш низ нив како низ длабините на клинестото писмо и ќе се враќаш повторно назад со песните за Гилгамеш во себе, и не ќе знаеш зошто токму тој со тебе и болката на Енкиду низ тебе, зошто токму твоето тело и твојата душа се одредени за да се исповедаат низ просторот кај што диши твојата сенка, на јазик кој ќе го разбираат сите, небаре самите шетале по долините и горите на писмото изрежано во калта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Таа вечер, враќајќи се низ ходниците преполни со темнина од прегорените сијалици, потскокна кога од сенката пред нејзината врата се оддели машка силуета и направи чекор кон неа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во недела попладне, ѕвончето на нејзината врата брзо и нестрпливо заѕвони неколку пати. Професорката збунетто ослушнуваше.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
А треперењето се растегна како жица и ѕвони на нејзината врата, мојата пријателка отвора, гледа и се насмевнува.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како и пред тоа и сега, кога се гледа пред нејзината врата, ноќта е сина и во неа се е несигурно и нестврно како и во детски цртежи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој друг го гледаше сега како стои со потпрено чело на нејзината врата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Снеже и јас, бидејќи живееме на ист кат, имавме уште малку заедничко време, во лифтот, и потоа пред нејзината врата, колку да размениме збор – два.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Го виде оној Мартин како те гледа? – ме праша таа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Топката на С удри во прозорецот од нејзината врата и жената од страв се наведна; изгуби контрола врз автомобилот, удри во најблиската улична светилка и загина на лице место.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Кога Ѓорѓија ќе почнеше некоја тема, таа си пивнуваше од чајчето и го гледаше немо од крајот на тркалезните очила.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- А Равел ти се допаѓа? - Ѓорѓија сѐ уште се обидуваше. - О! Болеро! - рече Французинката и ентузијастично кимна со главата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Така, уште првиот ден од нејзиното враќање, испече од своите специјални колачи и заѕвони на нејзината врата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Остана уште неколку секунди да стои пред нејзината врата, несвесен за тоа што се случило.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)