нејзин (прид.) - дел (имн.)

Таа ми дејствуваше помпезно, зашто целата, и однадвор и одвнатре, секој нејзин дел е обложен со мермер, со македонскот мермер, така што овој објект ми стана уште поблизок.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Спуштајќи се по Моравско-вардарската долина Словените се распространувале по сите нејзини делови.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со Париските мировни договори од 1919 година, таквата поделба на Македонија била потврдена.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нешто подоцна еден нејзин дел припаднал на Албанија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И така, како што заодел наспроти текот на Пчиња во горниот нејзин дел, веќе во планините се судрил со тие што ги барал разместени во расфрланото село.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Крајната цел на имитацијата на Копола на една женска имитација на Џоан Крафорд е да им се овозможи на Соник јут пристап до еден поткултурен стил на настран културен отпор, кој ѝ е директно противен на таквата комодификација, а на кој ќе можат да се повикаат, кој ќе можат да си го присвојат и да ѝ го претставуваат на сопствената публика како негова хип алтернатива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја означува отуѓеноста на групата од потрошувачката култура која веќе ја претвора женската емоција во стока, која ја става на пазарот, препакува нејзини делчиња заради масовно уживање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, Кополината карикатура на Крафорд го одразува особениот, дисидентски поглед на Соник јут кон американската главнотековна забава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Соник јут не се стремат вистински таквата наказност да стане нивна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
После Македонија потпадна под Византија и во текот на неколку века во разни нејзини делови се дигаа востанија против покорителката.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- “Не според деловите на црпката за вода, туку според целокупноста на нејзините делови суди за нејзините достоинства”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како тој да ги разгледува преземените мерки, ако не владее со клучот на нивната взаемна врска?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како да сакаше да ѕирне во иднината, да види само еден нејзин дел.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Природата, како безумните луѓе се нејзин дел,, не се обидува и неможе да им ги исцери раните и душите на двајцата скарани што и се и не се тоа, Сепак нивните верувања го поделиле небото на две, на Мохамедово и на исусово, небото ја поделило земјата на едниот нејзин крај да лежи осакатен Кара-Демир, а на другиот слепо пати Констатнтин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дали ќе биде писмото одраз на мојата вештина да поигрувам со нејзините емоции или ќе биде тоа одраз на нејзиниот дел во мене?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
До крајот на својот живот веруваше во својата варијанта на историјата, означена од немоќта и проклетството на владеењето, последица на човековата непотполност и несовршеност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да ја создаваш историјата, да станеш нејзин дел, пишуваше во воведените страници на својот ракопис, значи да се стремиш и кон величина и траење, односно да гледаш на времето повисоко!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најстариот брат, со голема тага во душата, ја слушаше тажната исповед на Мајка за границата која, сите ние, не престанувавме, со по еден нејзин дел, да ја носиме во нашите души.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И таа, не само што не се соблекуваше веќе, туку облече и црно калуѓерско расо и гледаше да ѝ биде што подолго, да не ѝ се гледаат ни нозете, ни рацете; гледаше секој нејзин дел на телото да ѝ биде покриен и заштитен од погледи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Девица бараше нејзиниот дел да му се подари на манастирот во кој беше закалуѓерена.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како потврда на ова, изворот ги цитира зборовите на Раде Прибичевиќ, кој истакнал дека "на последното заседание на АСНОМ официјалните претставници на Бугарија изјавија дека Бугарија е подготвена да ѝ го отстапи нејзиниот дел на Македонија на нашата држава".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Изворот нагласува дека според она што можел да го забележи од многубројните разговори со југословенските лидери, тие немале "намери да ја бараат Грчка Македонија", дури и нагласил дека "предметот во врска со грчките работи се избегнува во ретките уреднички коментари во југословенскиот печат".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, тие сметале дека "грчкиот економски интерес е голем.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вековниот грчки карактер на брегот и успехот на Грција со помош на Друштвото на народите во населувањето Грци од Мала Азија во областа ѝ даваат на Грција неспорно силни права за нејзиниот дел од Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По паузата, инструкторот ја расклопи и ја склопи пушката, а посебно а внимание обрна на отворачот, притоа велејќи: - Сите треба да запамтите дека ако не знаеш сам да ја растуриш и да ја наместиш пушката и нејзините делови, особено отворачот, тогаш некој друг, а тој може да биде само непријателот, ќе те растури, ќе те намести. Разбра?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се наметнуваат споредувањата со мобилите од модерната скулптура, но нејзините делови не се така слободни како деловите не музичката композиција, бидејќи имаат заедничка основа и се подложни на законот на гравитација.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)