нејзин (прид.) - душа (имн.)

Ликот на нејзината душа ѝ се одразуваше во очите, во кои ние децата јасно го читавме нејзиното расположение.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го прашува Гита Корец со нем поглед во деновите без транспорт?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие дури како да го забораваа нејзиното присуство и никој не подозираше дека е таа заправо најжив учесник на овие вечерни собирања и дека нешто настанува во нејзината душа: под благиот глас на Пискулиева ѝ 'рти зелено пламенче од срцето, така како што целата зима неусетно 'рти тврдиот компир и чека само малце топлина да го издигне своето мало зелено бајраче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но сепак тој не може да се сврти во истиот миг, не може да се ослободи од нејзината душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа, долго, долго, во ноќта, ја гледаше жолтата ламба, среде Татковите книги, чија светлина допираше до најдлабоките предели на нејзината душа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На старицата ѝ се замрежија очите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Белењето е најсилната поезија на нејзината душа!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа тоа не му го кажала на својот маж, но, во нејзината душа започнала да се раѓа една ваква мисла: да го напушти мажот токму поради тоа што многу го сакала и што тој бил многу добар.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Селаните од соседното село ја нашле една пролет во дворот, послана со снага суша исушена, земјосана, со лицето кон цвеќето свртена, расцутено, чиниш, среде нејзината душа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му се молам на Господа да ја спаси нејзината душа повикувајќи ја крај себе. 3 Книгата „Псалми“ е сместена во Музејот на книги со мирис на дамнина и со знак на реткост, крај ѕидиштата на една стара црква, во реонот наречен „Фенер“ во стариот дел на Истанбул.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го посакуваше не само како гостин, туку и како потстанар во нејзината душа и срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзината мисла имаше во себе порака, или поточно тоа беше повеќе лелек на нејзината душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тебе, која многу личиш на нејзе, гледаме парче од нејзината душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оваа песна беше полна со емоционална горчина, иста онаква каква што беше нејзината душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И повторно како и порано, се оддалечуваше со двете парчиња од нејзината душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа нејзина душа веќе беше нанижала неколку брчки на нејзиното лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Напротив, нејзината душа ја исполни со бура позитивни емоции.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да беше направило седало во нејзината душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ана си отиде. Ана однесе со себе една благодарност, едно негодување и една разочараност поради нешто неизживеано, останато во нејзината душа како мамка во овој живот отровен од навреди и гадости.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеш уште само да се помолиш за нејзината душа.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И на сликата ѝ се гледа тој нејзин - душолик: зрачи од него нејзината душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Имаше многу светлина во нејзината душа со која се спротивставуваше на балканската темнина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во нејзината душа гаеше еден сон, кој речиси никому не му го доверуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повторно го одложив пишувањето на вистинскиот одговор на писмото на Мајка, каков што таа го заслужуваше, да го заслужам спокојот во нејзината душа кој недостигаше во мене, а јас тоа силно го чувствував во себе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кон него таа повеќе изразуваше стравопочит (тоа можеше и да се глуми) отколку искрени интимни чувства, но со благодарност кон него секогаш беа исполнети нејзината душа и нејзината уста од која можеа да се чујат најубави зборови за сè што тој направи таа да се вклучи меѓу неколкумината соработници со врвушката на Центарот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Најразлични чувства се мешаа во нејзината душа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Страшна борба се водеше во нејзината душа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во нејзината душа се вовлече голема напнатост.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Оваа средба со синот, по толку години, предизвикуваше во нејзината душа најразлични чувства.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нејзин најтежок проблем, што најмногу ја тиштеше, ја раскинуваше нејзината душа, беше - тој не сакаше дете.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас да поминам овде, та таму... рече Мигар рамнодушно за судбината на нејзината душа. – Добро, да ја оставиме душата ако не ти е гајле за неа, ами овде што велиш да поминеш; помин ли е овој во четири ѕидишта?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Длабоко, длабоко, на дното на нејзината душа потајно и ретко нешто и шепнеше со зариптавен глас: „Може ошче, се не е свршено?“ — а веднаш стварноста беше тука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нејзината душа ќе се приврзе за душата на Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Градот, во нејзината свест, се облику­вал во некаква источна бајка која беше речиси скриена во длабочините на нејзината душа...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, со текот на времето, по заминувањето на Мајка, се чинеше дека токму тука беше задржана нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја гледав во тие мигови, сакав да продрам во нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега би напишал и стотици, илјадници зборови, за малкуте зборови што требаше да ѝ ги напишам, од моите чести и некогаш мошне долги престои далеку од неа, во моите долги дипломатски години, како одговор на нејзините писма со нејзината душа, напишани со чудесен краснопис, учен уште во нејзиното детство кај француските лазаристи во Солун.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше во нејзината душа уште сила за да ги дочекува сите свои и далечни од онаа страна на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Немаше солзи во нејзината душа, таа беше поисушена и од најголемата пустина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Според вујна Клементина, малата Ервехе беше во години кога сè се лепи брзо за нејзината душа, кога се формира нејзиниот карактер.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејзината душа беше и силен браник, траен светилник на семејството крај океанот на балканските немирни бранови и темнини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си остана да ги дочитува Татковите книги, како столбови кои ја додржуваа нејзината душа во Татковата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И кога ѝ беше мачно во животот, во меандрите на осамата на староста, таа, да ја оставиме во нејзиното „гнезденце“ („furiqkёn“), во која извираше светлината на нејзината душа, која не поднесуваше никаква друга сенка, па дури и од своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш Мајка ја опфаќаше тивка возбуда, затреперуваше нешто во длабочините на нејзината душа, пламнуваше сеќавањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вујна Клементина ја бодрела нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во секој нејзин посребрен кичер се криеше тајната на нејзиното страдање, вкоренето во длабочините на нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нека се кали нејзината душа, низ балканските разлики, преку свето-лаичкиот дух на лазаристите!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Солун на нејзиното детство и Италија на нејзината младост, беа двете дестинации на нејзиниот животот, две патувања кои не престануваа во нејзината душа, двете носталгични точки на надежта, на животот, особено во поодминатите години на нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа не можеше сè да задржи за себе, сè да издржи сама, но со невидена сочут и почит го слушаше Татко, ги впиваше во душата и мислите сите негови трепети, сè што можеше да собере од него, да сочува, да прошири во себе, да го провери и дополни значењето на некажаното, на тишината меѓу нив, небаре нејзината душа беше слеана со неговата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога ќе се загледав повнимателно останував со впечаток дека крилата всушност настојуваат да ја прелетаат пајажината на вечноста распната помеѓу синиот хоризонт и изнемоштената снага на Пепрутката фрлена на тревникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На платното доминира огнот на нејзината душа, што се престорува во проѕирни крила на двата странични дела на сликата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постепено се суши глината и по некои сивкасти скалила нејзината душа се искачува нагоре.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
До нејзината душа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Библиотеката во Шапоно ми се виде како мал храм на книгата, на надежта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така загледани, седиме ние на прагот од тоа што беше куќа, а јас се обидувам да се вгледам во очите на старичката и низ нивниот блесок да влезам во нејзината душа и да проникнам во нејзините чувства.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И сфатив дека во ова време на грозомора, нејзината душа е како мелем на отворена рана... И тие нејзини очи!!!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За покој и смирение на нејзината душа и за долг помен, четириесеттиот ден отидоа на гробишта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Таа се прекрсти, запали свеќа. – Тука се врти нејзината душа... - рече покажувајќи на местото кадешто го најдоа мртвото тело.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакав некако тајно и со шепот да влезам во нејзината душа.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Догоруваше свеќата на нејзината душа крај отворените таткови и нејзини свети книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од највисоко на најниско ќе падне, рекол, и вие ништо не ќе знаете за неа и за нејзина душа ќе раздавате, беше рекол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Приказната на старецот остави длабока трага во нејзината душа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)