нејзин (прид.) - знак (имн.)

Иако до овие претпоставки доаѓам неочекувано, веднаш помислувам дека тие се поттикнати од вчерашниот разговор со Даскалов, и тоа најмногу од она негово гласно размислување, кога смртта ја третираше како нешто живо и подвижно иако притоа не беа употребени токму овие зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Иако машките и женските може, а и мора, да се појавуваат на музичката сцена“, напоменува Милер, „тие не се еднакво добредојдени на неа: исполнителката секогаш ќе има предност зашто за неа се смета дека ја претставува таа сцена, како нејзин знак, нејзинa чинодејка, нејзина суштина и нејзино величие; додека мажот таму го трпат под услов, со инфериорноста или со потиснувањето на сопствените дарби, да помогне да се воздигнат нејзините дарби“.283 Ако маж ја заземе сцената и си ја присвои, тоа ќе значи дека се откажува од своите машки акредитиви, како што бргу им се обелоденило на Фред Астер и на Џин Кели.284 Далеку од тоа дека го консолидира машкиот родов идентитет, чинот на појавување на сцената повлекува одредено количество родова беља за машките изведувачи – беља што, од своја страна, предизвикува низа сложени стратегии за нејзино ограничување и за справување со неа. ‌Она што важи за бродвејската сцена важи и воопшто за изведбените уметности и за самата изведба. (Иако не треба да ги пренебрегнеме и локалните варијации: Џон Клам нѐ потсетува дека „британските мјузикли историски се сосредоточувале на мажите, од Ajвор Новело и Ноел Кауард до Жан Валжан и Фантомот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мажите во нашето општество не ги повикуваат редовно на сцената за да се покажуваат или за да уживаат на очиглед од мешовити публики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека е неизбежна судбина за маж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
_____ 1 Universum Film AG, или UFA – филмска компанија основана за пропагандните потреби на германската армија како во Првата, така и пред и во Втората светска војна и покрај тоа што во меѓувоениот период, кога била приватизирана, под нејзиниот знак се создадени голем број антологиски уметнички филмови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа сардела ја носеше таа секаде каде што бевме и каде што одевме целиот живот, како некој нејзин знак за живот по сопствена мерка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лука Карер застана на градскиот плоштад, веќе по третпат ова мирно неделно попладне барајќи го часовникот на сребреното синџирче што, инаку, го вадеше изведувајќи една прилично сложена операција: најнапред закачувајќи ја рачката од големиот црн чадор на левата рака, потем отворајќи го тешкиот зимски капут, па сакото, за конечно да го извлече ќостекот од малото џепче на елекот со излижани рабови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се чувствува затечен од нејзините знаци? Од нејзината присутност и овде? Во тремов?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)